Славниот боксер облече униформа, ќе ја брани државата од Русија, а со критики за Германија: Што е следно, перници?!

Легендарниот украински боксер и градоначалник на Киев, Виталиј Кличко се приклучи на украинската армија на почетокот на годинава.

Рече дека сака да помогне во одбраната на Украина и ги повика и другите да го сторат истото.

– Многу од нас служеа во војската и тие вештини треба да се обноват. Мислам дека таквата обука е од суштинско значење за средните и високите функционери во земја која е во војна осум години, изјави Кличко претходно за британски “Телеграф“.

Заедно со фудбалерот (сега тренер) Андриј Шевченко, браќата Кличко се најпознатите спортисти во Украина, која е пред можна инвазија од Русија.

Некои западни сили и пријдоа на помош на Украина, а Кличко е особено разочаран од „помошта“ од Германија.

Германија ќе и испорача на Украина 5.000 воени шлемови, изјави германската министерка за одбрана Кристин Ламбрехт.

– Добив писмо од украинската амбасада со барање за воена помош. Побараа од нас шлемови и непробојни елеци. Ќе испратиме 5.000 парчиња како јасна порака, ние сме на ваша стран, изјави таа.

Бидејќи Соединетите Држави и Обединетото Кралство се договорија да достават значителна воена помош, Германија постојано одбиваше да испрати „смртоносно оружје“ во Украина.

Витали Кличко (50) помошта на Германија ја нарече шега.

– Однесувањето на германската влада ме остава без зборови. Министерството за одбрана веројатно не разбра дека се соочуваме со добро опремена руска армија која може да влезе во Украина во секое време. Што ќе ни праќаат следниот пат? Перници?

Останати вести