Со еден авион на „Ер Србија“ се евакуираа Македонците од Израел

Авион на „Ер Србија“ во еден лет ги донесе сите преостанати 87 Македонци кои изразиле желба да се вратат од Израел во татковината. Летот бил платен од македонската Влада а во авионот имало и по седум државјани на Црна Гора и Албанија како и тројца од Бугарија. Авионот кој полета од Тел Авив прво слета во Скопје а потоа продолжи за Белград.

Македонската Влада објави дека со овој лет се вратени сите преостанати наши сонародници кои побарале помош да го напуштат Израел зафатен од воениот виор. Претходно со комерцијални летови преку Јордан, Грција, Албанија, Турција, Црна Гора и Србија успеаја да се вратат околу 60 Македонци кои или биле на времена работа или на туристички престој (аџилак) во Израел.

Според министерот за надворешни Бујар Османи, во изминатите денови  најважно било македонските граѓани  да се идентификуваат, контактираат и извлечат од загрозените подрачја во Газа  и околината, и потоа тие да се пренесат до Тел Авив, каде што аеродромот функционира.

Во врска со наводите на некои медиуми од Еврејската заедница во Македонија, за наводно загинати тројца македонски државјани во Израел, Османи рече дека МНР нема такви информации.

Останати вести