Поминаа шест месеци. На плоштадот „Македонија“ во Скопје се одржува собир во чест на жртвите од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, што се случи на 16 март оваа година. Настанот е организиран од иницијативата „Кој е следен?“, со цел оддавање почит кон загинатите и поддршка за нивните семејства и повредените.
Со ова, како што беше кажано, се оддава почит кон загинатите во пожарот во дискотеката во Кочани и се дава поддршка кон нивните најблиски кои се соочуваат со огромна загуба. Поддршка е упатена и кон повредените, кои се во процес на рехабилитација, од несреќата што се случи пред шест месеци.
– Трагедијата во Кочани е резултат на системска слабост но и неодговорност, порачаа родителите на загинатите деца во дискотеката на смртта. Гневни сме велат на државниот апарат кој и по 6 месеци не започна судска постапка за осомничените лица. Ова не е само наша туку и трагедија на целата држава чии први луѓе веќе треба да дадат оставка порачаа родителите на денешниот протестен марш.
Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна рано наутро на 16 март годинава, зеде 62 жртви, а околу 200 лица се здобија со повреди и ќе требаат месеци и години за медицински да заздрават. Но лузните ќе ги носат засекогаш.