Минатава седмица на состанок на општината Georges River, беше изгласано доделување грант за заедницата во вредност од 20.000 долари за поддршка на Македонски фестивал. Тоа ќе овозможи прекрасна прослава на нашата култура и традиција како придонес за мултикултурата во Австралија.
Средствата ќе бидат доделени на Австралиско-Македонскиот совет на Нов Јужен Велс, кој ќе ја води организацијата на фестивалот. Ова е фантастична можност да се претстави и прослави богатото наследство на Македонската заедница во Нов Јужен Велс.
Голема благодарност до Оливер Димоски кој е советник во општината Georges River, и неговите колеги советници за поддршката на оваа иницијатива.