Стефан Чолаковски со гол за триумф на Перт Глори: Перт Глори –Централ Кост Маринерс 2:0

Поранешниот младински реп­резентативец на Маке­донија, Стефан Чолаковски со погодок партиципираше во победата на Перт Глори од 2:0 против Централ Коуст Мари­нерс во 3. коло од А -лигата на Австралија.
Перт Глори дојде до првата победа сезонава токму благодарение на Чолаковски кој во игра влезе на почетокот од второто полувреме.
И веќе во 52. минута Чо­лаковски погоди за водство од 1:0 на својот тим, кој до крајот на мечот заокружи со конечни 2:0.
На другите средби беа постигнати следните резултати: Мелбурн Сити – Сиднеј 2:0; Велингтон Феникс – Бризбен Роар 5:2; Макартур – Вестерн Јунајтед 1:0; Мелбурн Виктори – Аделаид Јунајтед 1:1; Њукастел Џетс – Вестерн Сиднеј Вондерерс 2:2.

А–лига на Австралија
ТАБЕЛА

Аделаид Јунајтед 3 2 1 0 7
Мелбурн Виктори 3 2 1 0 7
Велингтон Феникс 3 2 1 0 7
Макартур 3 2 1 0 7
Вестерн Сиднеј В. 3 1 2 0 5
Перт Глори 3 1 2 1 4
Бризбан Роар 3 1 1 1 4
Мелбурн Сити 3 1 0 2 3
Вестерн Јунајтед 3 1 0 2 3
Њукастел Џетс 2 0 2 1 2
Централ Кост М 3 0 0 3 0
Сиднеј 3 0 0 3 0

ИДНО КОЛО

Мелбурн Виктори – Велингтон Феникс петок, 10 ноем. 19:45
Вестерн Јунајтед – Њукастел Џетс сабота, 11 ноем. 15:30
Вестерн Сиднеј В. – Перт Глори сабота, 11 ноем. 17:30
Аделаид Јунајтед – Сиднеј сабота, 11 ноем. 19:45
Мелбурн Сити – Макартур недела, 12 ноем. 15:30
Централ Кост М. – Бризбен Роар недела, 12 ноем. 17:00

Останати вести