Трамп: Во Авганистан трошевме колку воениот буџет на Русија

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ги спореди годишните расходи на САД за операциите во Авганистан со воениот буџет на Русија.

– Трошевме  42 милијарди долари годишно во Авганистан. Замислете, 42 милијарди. Колку што сфатив, Русија годишно троши 50 милијарди за цела војска, а ние 42 милијарди, изјави Трамп во интерјви за Фокс њуз. Тој додаде дека и покрај толкавите трошоци САД не добиле ништо за возврат.

– Милијарди и милијарди долари. Најновите хеликоптери „Блек хоук“, што сега ќе ги проучува Русија, Кина и некои други, бидејќи тоа е најдобрата технологија во светот, посочи Трамп. Тој додаде дека е огорчен што САД не ја уништиле воената техника пред да заминат од Авганистан и сега таа е во рацете на талибанците. – Повлекувањето на трупите од Авганистан под раководство на актуелниот претседател Џо Бајден е најголемо понижување за САД, посочи Трамп.

Останати вести