Сајтот CovidbaseAU, за кој “Гардијан“ пишува дека е еден од најавторитетните страници за следење податоци за коронавирусот во Австралија, го водат тројца тинејџери.
Досега непознатото трио стана дел од нивната сопствена статистика откако ги прими првите дози на вакцината „Модерна“ во Мелбурн.
Идентитетот на “мозоците“ кои зад веб-страницата не беше познат до четвртокот, кога четиринаесетгодишните Весли, Џек и Дарси ја објавија фотографијата на Твитер.
“Денес ние тројцата кои ја водиме CovidbaseAU: Џек, Весли и Дарси ја примивме првата доза на вакцината ”Модерна“. Мислевме дека ова ќе биде добро време да споделиме со вас она што навистина сме. Возбудени сме што конечно ќе бидеме вклучени во нашата статистика“, напишаа тинејџерите.
CovidbaseAU ги следи статистиките за коронавирус од април 2021 година, донесувајќи податоци од светот и Австралија за инфекции, хоспитализации, смртни случаи и вакцини.