Роџер Федерер најави пензија, тој објави дека Лејвер Купот во Лондон оваа недела ќе биде негов последен настап на големата сцена.
Тенисерот од Швајцарија објави долг пост со кој ја образложи својата одлука.
„Како што знаете, во последните три години имав многу повреди и операции. Работев напорно да се вратам во натпреварувачка форма, но исто така го познавам моето тело и неговите лимити, и сигналите во последно време беа прилично јасни. Имам 41година, одиграв преку 1.500 натпревари во преку 24 години. Тенисот ме третираше великодушно и повеќе од тоа што сонував но морам да се помирам дека дојде крајот на мојата компетитивна кариера“ – пишува Роџер Федерер.
„Лејвер Купот во Лондон ќе биде мојот последен АТП настан. Ќе продолжам да играм тенис во иднина, но нема да бидам дел од Гренд слем и АТП турнирите“.
Роџер Федерер има 20 Гренд слем титули, беше 310 недели на првото место на АТП листата, од кои 237 последователни недели, рекорд кој се уште не е соборен.