Најпопуларниот спорт во Австралија без конкуренција е Австралискиот фудбал (AFL), кој во големото финале го следеа преку 100,000 гледачи на легендарниот стадион MCG во Мелбурн
Бризбен Лајонс ја потврдија својата доминација во австралискиот фудбал со втора титула по ред во АФЛ, победувајќи го Џилонг со импресивна игра во финалето. Ова е нивна петта титула и уште една потврда дека се најсилниот тим на оваа деценија. Остварувајќи висока победа од 47 поени над Џилонг пред 100.022 гледачи на легендарниот стадион MCG минатава сабота. Крајниот резултат на семафорот прикажуваше убедлива победа за Бризбен Лајонс кој постигна 18. 14 (122) , а Џилонг Кетс 11.9 (75).
Ако некој мислеше дека Џилонг може да го повтори начинот на кој ги победи во квалификациското финале, за жал се излажа. „Мачките“ извршија неверојатен притисок и им ја одзедоа на „лавовите“ нивната омилена игра. Но, имаа многу играчи кои не ја исполнија задачата во големото финале.
Клучен за оваа победа беше Харис Ендрус, кој ја контролираше одбраната со смиреност и прецизност, додека младата ѕвезда Вил Ешкрофт блесна со ефективна игра. Чарли Камерон се врати во форма со четири гола, а Зак Бејли и Лачи Нил беа незапирливи во средниот ред.
Со подобра физичка издржливост, длабочина во тимот и тактичка зрелост, Бризбен го надигра Џилонг во сите сегменти.