Минатава сабота во натпревар за шампионската титула во големото финале нашата Бродмедоу Маџик се сретна со Ламбтон Џафас. Возбудливиот натпревар на две екипи што ги дели само нијанса во квалитетот на крајот заврши со победа на Ламбтон, и тоа во последните моменти од средбата. Сите голови беа постигнати во вториот дел, Ламбтон дојде до водството во 52 минута со голот на Р. Папас. Набргу Бродмедоу Маџик изедначи во 56 минута преку Џ. Стјувардсон за 1:1.
Кога се очекуваше дека средбата ќе заврши нерешено во 92 минута К. Брадбери го постигна решавачкиот гол за конечните 2:1.
Со оваа победа шампионската титула Ламбтон Џафас ја освои за сезоната 2023. Резултатот ја отслика и крајната состојба на табелата во која сезонски првак беше Ламбтон со 46 бодови, а нашата Бродмедоу Маџик заврши со 45 на второто место.