Големото финале на Премиер лигата во Илавара ќе се одржи во недела, на 17 септември, со почеток во 14:30 часот на стадионот WIN. Учесниците на овогодинешниот дел и се многу познати на македонската заедница, Крингила Лајонс и Конистон. Нашите „лавови“ завршија на второто место на крајот од сезоната а Конистон беше четврти.
Крингила Лајонс е најстариот македонски фудбалски клуб во Волонгонг, основан во 1968 година од Македонци од регионот на Охрид и Дебрца, и игра во традиционалните македонски бои со црвено и црно. Крингила Лајонс ја имаат освоено Премиер лигата на Илавара двапати – во 1993 и 1994 година. Тие исто така беа шампионски прваци во 1998 година, но не успеаја да го добијат големото финале.
Им посакуваме успех и освојување на шампионската титула.