Никита Мазепин е еден од спортистите кои поради националната припадност доби „забрана“ за натпреварување. Имено, Формула 1 возачот кој беше дел од тимот на “Хаас“ на почетокот на сезоната беше искучен од најбрзото натпреварување на светот по нападот на Русија врз Украина, а притоа американскиот тим го прекина и спонзорството со руската нафтена компанија.
Младиот возач долго време молчеше за ситуацијата, но во интервју за Си-Ен-Ен реши да проговори, а упати и тешки критики кон ФИА.
– Сите имаат право да го изразат своето мислење за ФИА како врховно тело на Формула 1. Истото тоа тело кое не ми дозволува да се натпреварувам, дозволи тимот да ги задржи парите кои се уплатени од спонзорите без обврска да го исполнат договорот за кој ги добиле тие пари. ФИА и тимовите во Ф1 мораат да ги преиспитаат вредностите за кои работат. Формула 1 ги сака руските рубљи, но не и Русите. Тоа што во моментот се случува во светот е ужас, изјави Мазепин.