Француската влада склучи договор со големите трговци на мало за ограничување на многу цени на храната, во обид да ги олесни инфлаторните притисоци за потрошувачите.
Малопродажните групи ќе ги намалат цените за широк спектар на прехранбени производи, а изборот ќе биде оставен на нивна дискреција, „на најниско можно ниво“ до јуни, изјави министерот за финансии Бруно Ле Мер.
– Ова ќе го претвори периодот од април до јуни во „квартал против инфлација“, додаде тој.
Трговците на мало се согласиле да ги сносат трошоците за иницијативата, за која Ле Мер рече дека ќе изнесува „неколку стотици милиони евра“.
Инфлацијата на храната во Франција беше 14,5% во февруари на годишно ниво, според националниот институт за статистика ИНСЕЕ.
Ле Мер, исто така, рече дека владата ќе започне со тестирање на системот на „чек за храна“ за семејства со ниски приходи во текот на следните месеци.