Четврта државна лига запад на Викторија, 4 коло, Мелбурн Сити – Кило Волци 0:1

“Волците“ го доживеаја својот прв пораз сезонава од Мелбурн Сити кој сега се израмни со нив по број на поени.
Се играше на врнежливо време на лошиот и нерамен терен на “Едвардс Резерв“. Двата тима создадоа шанси во доста израмнет натпревар, но не можеа да постигнат гол.
“Волците“ ја засилија брзината во последните 20 минути обидувајќи се да постигнат победа, а домаќинот го апсорбираше притисокот и потоа неочекувано, во последните моменти од играта, постигна гол за конечните 1:0.
Во сабота, на 22 април, Кило Волци гостуваат кај Бел Парк со почеток во 15 часот.

Останати вести