Четврта државна лига на Викторија запад, 1 коло, Бел Парк – Кило Волци 2:3

Прв настап и победа за “волците“ кои на гостувањето во Џилонг триумфираа во возбудлив натпревар.  Софиан Соуфи го постигна првиот гол во 6 минута за 0:1. Потоа домаќинот преку Никола Јовановиќ и Ник Нигуен направи пресврт на 2:1.

Во завршницата Теренс Фачино во 82 минута изендачи, а во последните мигови од средбата Ензо Марангони ја донесе победата за конечни 2:3.

Голем успех забележаа фудбалерите на Кило Волци и со победата во натпреварите за купот на ФФА, во кој го совладаа тимот на Вестгејт Сингелиќ што игра во втората државна лига на Викторија со 1:0.

Во сабота, на 26 март, Кило Волци гостуваат кај Голден Плаинс со почеток во 15 часот.

Останати вести