Неочекуван пораз на домашен терен, со кој се зголеми предноста на лидерот Лавертон кој сега им 24 бода што е за пет повеќе од “волците“. Барвон од почеток до крај имаше постојано водство и заслужено ги однесе трите бода. Серијата за гостите со три гола ја започна Бајли 35, 43 и 78 минута, а на него му се приклучи Хушам во 69 минута. Головите за “волците“ ги постигнаа: Чакарун 82` и Бретон во 90 минута за конечните 2:4.
Во сабота, на 27 мај, Кило Волци гостуваат кај Лавертон со почеток во 20 часот.