Лидерот беше пресилен за “волците“ и од почеток до крај одржуваше солидна предност. За првиот гол на Лавертон се погрижи Валаскез во 7 минута, а дваесет минути подоцна му се придружи Мартинез за 2:0. Искра на надеж беше голот на Котвас во 33 минута со што на одмор се замина со 2:1.
Во вториот дел повторно на сцена стапи Мартинез со неговиот втор погодок на средбата за конечни 3:1.
Во петок, на 2 јуни, Кило Волци ја пречекуваат екипата на Муни Вали Најтс со почеток во 20 часот.