Четврта државна лига на Викторија запад, 13 коло, Кило Волци – Гисбор 5:1

Висока победа на “волците“ за што најзаслужен е Алхасан кој имаше хет-трик во првото полувреме. Сега Кило Волци се на четвртата позиција со 28 бода, но лидерот Лавертон е далеку над сите со 36 бода. Стрелци на средбата беа Алхасан 5, 30 и 35 минута, Аксојоглу 56 и Чакарун во 85 минута. Единствениот гол за гостите го постигна Лопез во 37 минута.
Во сабота, на 24 јуни, Кило Волци гостуваат кај Сурф Кост со почеток во 19 часот.

Останати вести