Четврта државна лига на Викторија север, 1 коло, Пленти Вали Лајонс – Даребин Јунајтед 5:1

Висока победа на леринчани кои ја имаа контролата на играта преку целата средба. Капитенот Матју Конверсано буквално блескаше на средбата постигнувајќи дури четири гола. Започнувајќи ја својата серија на голови од 43, 56, 69 и 79 минута, петтиот погодок го даде Џошуа Табон во 81 минута.

Почесниот гол за гостите за ублажување на поразот го постигна Џошуа Оубури во 86 минута за конечните 5:1.

Во сабота, на 26 март, Пленти Вали Лајонс ја пречекува екипата на Брансвик Зебрас со почеток во 15 часот.

Останати вести