Четврта државна лига на Викторија југ, 6 коло, Челси – Нобл Парк Македонија 2:1

Пред почеток на средбата во чест на починатата Нона Бочари двете екипи и оддадоа почит и носеа црна лента на раката.
Веќе навикнати сме на постојаните порази на Нобл Парк, но добро е што не е со голема разлика и екипата во еден момент имаше израмнување. Челси дојде до водство во 19 минута со голот на Бреисфорд за 1:0. Во 56 минута Нобл Парк израмни со голот на Бутиотис од пенал за 1:1. Малку подоцна во 66 минута беше поставен конечниот резултат со голот на Коулорис за 2:1.
Во петок, на 5 мај, Нобл Парк ја пречекува екипата на Сандрингам со почеток во 20:30 часот.

Останати вести