Навивачката група „Комити“ на секој начин се обидува да му помогне на Вардар, нашиот најтрофеен фудбалски клуб кој веќе некое време се соочува со проблеми, но и покрај сите препреки тој успеа да се врати во Првата македонска лига.
Во тек е акција во која сите навивачи можат да си набават сезонски билет кој чини 1.000 денари (околу А$26) и со истиот директно да му помогнат на тимот.
Легендарниот Андон Дончевски се вклучи во акцијата, набави билет и со тоа даде јасна поддршка.
“Да му помогнеме на Вардар, да ја воздигнеме Македонија. Ве поздравувам мои “комити“, мои внуци, мои јунаци македонски“ -порача чичко Дончо од Мелбурн.