Денис Шаповалов е еден од помладите тенисери од кои се очекува да бидат во врвот на светскиот тенис во иднина. Иако кога се споменува иднината на тенисот пред сè се мисли на Медведев, Зверев и Циципас, Канаѓанецот смета дека не треба да биде изоставен од оваа група. Тој не се согласува дека само тројца тенисери се дел од „НексГен“.
– Не сум согласен со тоа. Сметам дека секој има свој пат. Не заборавајте дека оваа година играв полуфинале на Вимблдон, мислам дека ова е големо достигнување. Можеби имаат подобар континуитет на резултати, но не би рекол дека играат подобро од мене. Погледнете ги нашите меѓусебни мечеви, сите беа неизвесни, изјави Шаповалов.
Шаповалов најголемиот успех го имаше токму годинава со полуфиналето на Вимблдон, лани играше во четвртфиналето на УС Опен, а нема поголеми успеси во Мелбурн и Париз.