Шесто заклучување на Викторија

Појавата на локална зараза со коронавирус во четвртокот експресно ја однесе Викторија во шестото заклучување и тоа поради четири нови случаи претходната ноќ, вклучително на ученик од школо во југозападниот дел на Мелбурн.

Премиерот Даниел Ендрус рече дека државата е повторно во „несигурна ситуација“ и со тоа влезе во седумдневно заклучување, во обид да се спречи зголемување на заразата.

Мелбурн во петокот регистрираше шест, а во сабота 29 нови локални случаи, кои се поврзани со претходните случаи и не биле во карантин додека беа заразни. 

Премиерот на Викторија, Ден Ендрјус, ги повика жителите да ги почитуваат правилата и да ги напуштат своите домови само за  неопходните работи, купување, вакцинација или двочасовно вежбање на отворено.

„Оваа делта варијанта се шири многу брзо“, рече Ендрјус.

“Немаме доволно вакцинирани луѓе, помладите завршуваат во болниците. Нашиот систем ќе биде оптоварен ако не го ставиме ова под контрола”, додаде тој.

Министерот за здравство Мартин Фоли рече дека три од тие случаи се членови на домаќинство кои се поврзани со наставничка во колеџот “Ал-Таква“ во Труганина.

Помеѓу новите случаи е и чистачка која работела за медицинскиот центар “Епворт“, веднаш до болницата “Епворт“ во Ричмонд.

Чистачката работела во Ричмонд од понеделник до среда помеѓу 18 и 21 часот во простории за консултации на шести и осми кат од центарот. Два други случаи се поврзани со општина Марибирнонг, вклучително и еден случај кој го посетува „Воринга парк“, специјално училиште за деца со инвалидитет во Хоперс Кросинг. Ова училиште се грижи за некои од најранливите деца, рече Фоли.

Повеќе од 60 проценти од 25-те милиони граѓани на Австралија сега се под строги мерки на затворање за да се спречи најновиот пораст на инфекции, вклучително и  трите најголеми градови  Сиднеј, Мелбурн и Бризбен.

Поради новото затворање  во Мелбурн имаше големи  протести против строгите мерки.

Со повеќе од 36.000 случаи на КОВИД-19 и 937 починати, Австралија избегна голем број заразени како во другите развиени земји, но бројот на вакцинирани е меѓу најниските. Во Австралија, само 20 проценти од населението над 16 години е целосно вакцинирано.

Останати вести