Шпанецот Карлос Алкараз сензационално го освои УС Опен

Карлос Алкараз е победник на УС Опен и нов светски рекет број еден на АТП листата. Во едно од најзизедначените и најгледливи финалиња во последната деценија, Алкараз го победи норвешкиот тенисер Каспер Руд со 3:1 во сетови (6:4, 2:6, 7:6, 6:3) за скоро четири часа игра и го оствари најголемиот успех во кариерата. Ова му е и прв грен слем во животот.

Деветнаесетгодишниот Шпанец стана не само најмлад грен слем шампион во последните 20 години, ами и најмлад светски рекет број еден во историјата на тенисот.

По големиот успех Алкараз призна дека е уморен но оти го остварил својот голем сон.

– Тоа е нешто за што сонував уште од дете, да бидам шампион. Грен слем е нешто за што работев напорно, тешко е да се зборува поради сите овие емоции, но тоа е нешто за што работев напорно заедно со моето семејство, со тимот. Имам само 19 години, сите мои одлуки се во согласност со моето семејство и ова е нешто посебно за мене, рече Шпанецот.

Сега на врвот на АТП листата се двајцата финалисти од Њујорк, со Алкараз како предводник.

Новак Ѓоковиќ кој на социјалните мрежи порача:

– Ти честитам на првата грен слем титула. Неверојатен настап, -напиша Ноле.

Алкарас воедно дојде до првата позиција на АТП листата, најмладиот во историјата на белиот спорт.

Каспер Руд ги оправда очекувањата и покажа зошто играше во второ грен слем финале оваа сезона, но сепак ќе мора да почека за прва титула, и во моментов ќе се задоволи со второто место на АТП листата.

Останати вести