Јагуна Лајонс сезонски шампион за јубилејната 70-та година постоење

Фудбалскиот клуб Јагуна Лајонс минатава седмица  ја прослави сезонската титула во Банксaунт Дистрикт Фудбал на најдраматичен можен начин. Во директниот натпревар за титулата, одигран на домашен терен на О’Нил Парк, Јагуна Лајонс го совлада Падстоу Јунајтед со 2:1, со победнички гол постигнат во  93. минута.

Со оваа победа Јагуна Лајонс ја заокружи одличната сезона и токму во својата јубилејна 70-та година на постоење стигна до нов шампионски трофеј.

За клубот ова е осмата титула во историјата. Претходните шампионски трофеи беа освоени во 2006, 2008, 2009, 2010, 2011, 2015 и 2023 година, а сега во шампионската историја е запишана и 2026 година.

Јагуна Лајонс зад себе остави одлична сезона. Во 20 одиграни натпревари, тимот забележа 13 победи, четири нерешени средби и само три порази, што беше доволно за освојување на првото место и шампионската титула.

Голем удел во успехот имаат тренерите Стивен Базевски и Тони Симоновски, кои го предводеа тимот до шампионскиот пехар.

Најефикасен фудбалер на  составот беше Џејми Базевски, кој со своите голови беше еден од клучните играчи во успешната сезона.

По прославата на шампионската титула, за Јагуна Лајонс нема многу време за одмор. Тимот сега се подготвува за новите предизвици и настапите во Купот, како и во Champions of Champions, каде што ќе има можност да се соочи со нови предизвици.

Останати вести