ЈАГУНА МАКЕДОНИЈА ЈА ОСВОИ ПРЕМИЕР ЛИГАТА НА БАНКСТАУН

Минатиот петок, на последниот натпревар од сезоната 2023, Јагуна го победи Џорџис Ривер Тистлс со 6:1 и ја освои титулата во лигата за прв пат од 2015 година.

Головите ги постигнаа: Далех, Бажевски, Абделатеф, Чаковски. “Лавовите“ од Јагуна  ја завршија годината со 12 победи, 1 реми и 3 порази. Завршувајќи на чело на лигата голгетерот Џејми Бажевски ја освои златната копачка со 36 гола, што е нов клупски и првенствен рекорд.

Честитки за тренерите З.Паскоски, Т.Симоновски, В.Ристевски и С.Бажевски и сите во клубот.

Останати вести