Јада и Цветановска – македонски олимпијци на ЗОИ во Пекинг

Ставре Јада и Ана Цветановска ќе бидат македонските олимпијци на Зимските олимписки игри во Пекинг, кои од 4 до 20 февруари ќе се одржат во Пекинг.

За Јада ова ќе бидат втори ЗОИ во кариерата, а ќе настапи во две дисциплини, на спринт-трката на 1,5 километри и на најтешката нордиска дисциплина – 50 километри. Цветановска, пак, ќе се трка во скијатлон на 7,5 километри класичен и слободен стил, односно 10 километри во слободен стил.

– Олимпијада е сонот на секој спортист, но патот до таму е еден од најтешките, да се совладаат сите препреки, сите критикувања, да се заборави ноќниот живот, да се стане секое утро во 7 часот, да се направат 2 тренинзи во денот од околу 40-60км, да се биде дома и со најблиските 60 дена од вкупно 365 во годината. Професионалниот спорт бара жртва – или СИ или НЕ. Втора олимпијада за мене, целта е една подобро претставување од претходната олимпијада во 2018, објави Јада.

Двајцата нордијци се членови на ист клуб „Ски-Рис“, а во Пекинг заминуваат со својот тренер Борче Јовановски. До заминувањето тренираат во Италија, пред да се вратат во Македонија, по што ќе одат за кинеската престолнина и настапот на ЗОИ.

Останати вести