Околу 1.600 именувани функционери добија за 78% повисоки плати за април, што понатаму ќе значи одлевање на дополнителни средства од буџетот во висина од над А$25 милиони годишно. Станува збор за непланирани буџетски трошоци со оглед на тоа дека мерката стапи на сила по неодамнешната одлука на Уставниот суд кој укина два члена од Законот за плата и надоместоци на функционерите, со што овозможи зголемување на платите на државните функционери за 78 отсто.
Министерот за финансии Фатмир Бесими вели дека средствата за исплата ќе мора да се обезбедат со пренамена од други позиции за да се дадат платите на функционерите.
Со одлуката се опфатени и уставните судии, но и платите на премиерот, претседателот, собранискиот спикер и сите вршители на јавни функции. Повисоки плати „легнаа“ и на сметките на заменици министри, судии, обвинители, градоначалници, градоначалници, директори во државни фирми и агенции.
За вицепремиерот Артан Груби нема ништо спорно во одлуката за зголемување на платите на функционерите. Тој вели дека е добро што одлуката на Уставен суд за корегирање на платите на функционерите не е ретроактивна, бидејќи во тој случај ќе требало да им се исплати и она што не го добивале во изминатите 12 години.
И покрај бројните реакции во јавноста, одлуката остана на сила.