Поместување на часовникот ќе има се додека ЕУ не донесе конечна одлука

Поместувањето на часовникот сега е сведено на околу 60 држави и територии (од 150 низ светот) кои целосно го имплементираат и уште 6-7 (како Австралија, Мексико, Канада…) каде е застапено на делови од територијата

На 25 октомври северната хемисфера на Земјата премина на зимско сметање на времето. Ова значи дека во следните шест месеци временската разлика помеѓу Македонија (Европа) и југо-источниот брег на Австралија (Аделаид/Мелбурн/Сиднеј/Хобарт) ќе биде 10 часа.

Во март 2019 година Европскиот парламент гласаше за укинување на практиката, но оваа одлука не стапи во сила во 2021 (како што беше решено). Македонската влада тогаш изнесе став дека ќе се усогласи со одлуката на Брисел и ќе го укине поместувањето на часовникот кога и цела Европа ќе го стори тоа. Но, не беше донесен став дали Македонија трајно ќе остане во летното или во зимското сметање на времето.

Клучниот проблем остана во Советот на Европската Унија (на премиерско ниво), каде што земјите членки не постигнаа договор за заедничка позиција. Главниот прпблем е во тоа што од Бугарија до Португалија порано имаше три временски зони. Државите треба да се усогласат дали трајно ќе останат на летното или на стандардното, односно зимското време, за да не се создадат нови разлики во временските зони и проблеми за прекуграничниот транспорт, трговијата и секојдневното функционирање на единствениот пазар. Според најновите достапни информации на Советот, конечна одлука сè уште нема, ниту е утврден рок во кој би можела да биде донесена.

Останати вести