Прва лига на Нов Јужен Велс – 29. коло, Сиднеј Македонија – Проспект Јунајтед 5:1

Сиднеј Македонија се врати на победничките патеки со убедлива 5:1 победа против Проспект Јунајтед.

Нашиот тим одигра одличен натпревар и заслужено стигна до трите бода. Стрелците за Сиднеј Македонија беа Исак Данзо, кој постигна два гола во 25 и 92 минута, Роберто Сперанца во 38 минута, Алек Урошевски во 44 минута и Баи Антониу во 80 минута.

Единствениот гол за гостите го постигна Антонио Орландо во 28 минута.

Со оваа победа Сиднеј Македонија само теоретски ги задржа надежите за промоција, бидејќи за конечниот пласман на второто место ќе биде потребен и поволен развој со кој ќе се анулираат деветте голови голови разлика и во последното коло, да се надеваме, Нордерн Тајгерс да загуби со висок резултат од кандидатот за испаѓање Вестерн Сити Ранџерс.

На хартија последниот натпревар од регуларниот дел изгледа како одлична можност за нови три бода, но притисокот во вакви моменти може да донесе дополнителна тежина.

Во недела, 29 август, Сиднеј Македонија гостува кај подмладокот на Њукастел Џетс, а натпреварот започнува во 17:00 часот.

ТАБЕЛА
Блектаун Спартанс 68
Нордерн Тајгерс 56
Сиднеј Македонија 53
Кантербури Бенкстаун 48
Макартур Рамс 48
Хилс Јунајтед 46
Хакоа Сиднеј 38
Ридалмер Лајонс 38
Булс Академи 37
Интер Лајонс 35
Хрствил Загреб 33
Централ Кост Маринерс 31
Дулвич Хил 30
Њукастел Џетс 29
Проспект Јунајтед 23
Вестерн Сити Ранџерс 21

Останати вести