Премиерот Зоран Заев беше во Берлин за да ја прими наградата за човекови права за 2020 година, која ја доделува Фондацијата „Фридрих Еберт”. Притоа објави дека преговорите со Бугарија не се прекинати и дека решение ќе се бара во декември.
Директорот на Струмичката болница јавно побара донации за ново амбулантно возило, бидејќи немаат доволно возила за превоз на пациентите, особено со ковид-19.
Проширувањето на ЕУ ќе стане невозможно ако биде прифатено бугарското тврдење дека постои само една историска вистина, и тоа нивната, и уште дека таа мора да биде цврсто наведена во пристапните преговори на Северна Македонија, пишува германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг” (ФАЦ) во анализата на македонско-бугарскиот спор за почетокот на преговорите.
Ќе се преиспитува уставноста на промената на името, Преспанскиот договор, Договорот за добрососедство и на референдумот.
Изминативе денови бројот на заразени од ковид-19 секојдневно расте, а ако граѓаните не ги почитуваат мерките ќе се преполнат болничките капацитети и ќе се доведат во прашање ресурсите за лекување на болните, порачаа здравствените власти.
Во услови на рестрикции поради пандемијата со коронавирусот, со мал број одбрани присутни, Бигорскиот манастир одбележа 1.000 години постоење.
– ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи онлајн седници на Собранието. Тоа е спротивно на Уставот и ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи кршење на Уставот.
Балканската мигрантска рута повторно е раздвижена, секојдневно расте бројот на бегалци од Блискиот Исток, кои сакаат да стасаат во земјите на ЕУ, откако настапи затишје по избувнувањето на пандемијата со коронавирусот во април годинава.
Скопско фризерско студио лоцирано во населба Аеродром изминативе три години добивало грантови од над 270.000 евра преку програмата „Еразмус+”, која ја спроведува Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, чиј директор е Лидија Димова.
Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров за време на положување на цвеќе во Прилеп по повод Денот на востанието – 11 Октомври, говореше и за интеграцијата на Македонија во ЕУ. Тој смета дека ако Унијата дозволи македонскиот јазик да биде пречка, тогаш не ја заслужува придавката европска.
Инспектори од Државниот пазарен инспекторат во неделата биле во контрола на седум објекти каде се одржувале свадбени веселби и покрај забраната поради коронавирусот.
Една од свадбите се случувала во Струга, две во Тетово и четири во Скопје.
Триесетина бугарски историчари, научници, универзитетски професори и јавни личности со заедничко писмо до јавноста, насловено „Европа не нè разбира”, се изјаснија против меморандумот што Софија го испрати до земјите членки на Европската Унија (ЕУ) во кој се изнесени сериозни тврдења и црвени линии на патот на Скопје кон ЕУ.
Тензично завршило минатонеделното рочиште за случајот “Монструм” – петкратното убиство извршено во 2012 година кај Смилковско Езеро. Петнаесетина минути траела вербалната расправија меѓу адвокатите и обвинетите, од една страна, и обвинителката Фатиме Фетаи и роднините на убиените од друга страна.
Екс министерската за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во понеделникот околу 18 часот од зградата спроти седиштето на МВР (каде што живее) со полициска придружба е спроведена во затворот Идризово за издржување на 4-годишна затворска казна за случајот “Тенк”.
Вкупно 31 мерка во вредност од 470 милиони евра изнесува четвртиот пакет економски мерки со кои Владата ќе им помогне на граѓаните, вработените и на стопанството за да се надминат последиците од кризата предизвикана од ковид-19.
Моментално околу 40.000 ученици во Македонија не ја поседуваат потребната технолошка опрема за настава на далечина, поради што ќе им бидат достапни снимени материјали од часовите кои ќе се емитуваат на националната телевизија.
Додека Европа се подготвува за редовниот декаден циклус на попис на населението следната година, Македонија и Босна и Херцеговина се двете европски држави кои се уште го немаат утврдено ниту датумот за попис, објавува „Јуропиан Вестерн Балканс” (ЕВБ), потсетувајќи дека последниот попис во Македонија е спроведен во 2002 година.
Во Македонија се намалува задолжителниот период на изолација од 14 на 10 дена кај асимтоматски случаи и кај нив нема да се прави контролен тест на крајот од тој период – вели министерот за здравство Венко Филипче