developer | 06.08.2019

Што се брише во Специјалното обвинителство?

Се уште трае и вештачењето на вториот мобилен телефон на Јанева, кој беше пронајден кај девојката на нејзиниот син, иако синот на обвинителката тврдел дека мобилниот апарат бил “изгубен во Белград”.

developer | 06.08.2019

За време на концертот на Цеца пронајдена бомба во центарот на Прилеп

На 19 јуни во угостителскиот објект, кафе-барот „Кафе ин” во строгиот центар на Прилеп по вторпат за кусо време е пронајдена рачна бомба. Овојпат, според полицијата, бомбата немала експлозивно полнење.

developer | 06.08.2019

Јанева излезе пред јавноста: Не само Бојан Јовановски, туку и други го злоупотребиле моето име!

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, по десетина дена молк и криење од јавноста, во вторникот се појави во седиштето на СЈО каде прочита изјава:
– Дозволете прво да ви се извинам што оставив простор и не се појавив во јавноста. Не ми беше лесно да го следам јавниот линч. Но не сакав да дадам повод со моето излегување во јавноста да дадам повод дека на било кој начин влијаам на истрагата.

developer | 06.08.2019

Героски тврди: „Мозокот“ на изнудата е Катица!?

Познатиот новинар Бранко Героски тврди дека зад изнудата од Орце Камчев стои лично и персонално Катица Јанева!? А вмешана била и обвинителката Лиле Стефанова, која е директно задолжена за случајот “Империја”.

developer | 06.08.2019

Неофицијално Боки 13 изрекетирал повеќе бизнисмени за сума од над 5 милиона евра!

Рекетот на групата со Боки 13 не бил само кај бизнисменот Јордан Камчев, кој случајот го пријавил во полиција – објави „Економски Лидер” повикувајќи се на извори во истрагата.

Јавниот обвинител Љубомир Јовески и обвинителката за организиран криминал Вилма Рускоска на прес-конференција
developer | 06.08.2019

Боки 13 изнудил 1.5 милион евра од Орце Камчев за да „му среди” кај Катица Јанева

Боки 13 прво побарал 8 милиона евра за да запре кривичната постапка против Орце Камчев, ама успеал да земе “само” 1.5 милион. Со парите си купувал облека и плаќал одмори. Неговите банкарски сметки се блокирани поради постар долг, па тој последниве години живее раскошно исклучиво со кеш. Mалку е веројатно дека истрагата за “Рекет” ќе заврши само на двајцата уапсени. Од она што до сега го обелодени обвинителката Рускоска, се насетува дека во центарот на вниманието во случајот ќе биде Катица Јанева. 

Другарчето на Заев направи белја. Кого тој мавтосува? Се носело пиштол што не е пиштол на свадба, па да му се смеат!? Надлежните мора да реагираат и соодветно да го казнат
developer | 06.08.2019

Директорот Џеват Исени со огнено оружје врти оро на свадба: Овој пиштол не е пиштол!?

Претседателот на бордот на директори на Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор, Џеват Исени (кадар на СДСМ), се појави на скандалозна снимка на која се гледа како на свадбена веселба отворено носи пиштол со футрола на појасот.

developer | 23.07.2019

По 4 години од формирањето СЈО и наплати штета на новинарката Талевска, а во затвор го прати само Поповски

Работата се повеќе наликува на басната за лисицата која одела ли одела зад прчот, чекајќи “да му паднат” за да ги лапне.
Извештајот на Прибе и итните реформски приоритети ја наметнаа потребата од формирањето на СЈО чија главна цел е да ги истражува кривичните дела кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите.

developer | 23.07.2019

Признавам дека ме измамија, ама барем сум во „добро друштво“!

Руските комичари Владимир Кузнецов и Алексеј Столјаров, познати како Вован и Лексус, велат дека дури во три наврата успеале да дојдат до премиерот Зоран Заев и телефонски да разговараат со него, претставувајќи се како поранешниот украински претседател Петро Порошенко. Во првиот разговор дури конференциски “го приклучиле” и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг (има индиции дека тука е искористен вистинскиот глас на Столтенберг од вистинска прес-конференција ама и од пранкот што нему му е направен во 2017 година).

developer | 11.07.2019

Груевски по најновото апсење на Jанакиески се закани: Ќе дојде друга сезона на лов, а овие сегашните нема да се ловџиите!

Никола Груевски се огласи на социјалната мрежа Фејсбук по најновото апсење на екс-министерот Миле Јанакиески и други функционери од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој долгиот пост го почна со мисла на Достоевски, велејќи: „Со што и да ја покриваш нечистотијата, таа сепак останува нечистотија”.

developer | 11.07.2019

Пендаровски: Очекуваме уште 11 ратификации и до 4 декември формално ќе станеме членка на НАТО

Претседателот Стево Пендаровски во Битола присуствуваше на отворениот ден за граѓаните со учесниците на воената вежба „Одлучен удар”. Таму пред граѓаните беа претставени опремата, постапките и процедурите што се користат при спроведување на вежбата, како и дел од вештините на војниците учесници на вежбата.

developer | 11.07.2019

На обвинетиот дедо Љубе нема да му се суди за убиство, тоа што ги застрелал двајцата разбојници се смета за самоодбрана

Љубомир Митев (79) од кратовското село Којково, кој пред шест години застрела двајца разбојници кои беа провалиле во неговиот дом и го малтретирале него и сопругата, нема да одговара за кривично дело убиство, одлучи Основното обвинителство во Куманово. Митев едниот од разбојниците го усмрти, а другиот го рани, кога тие упаднале во неговата куќа за да го ограбат.

developer | 05.07.2019

Сијарто: Груевски од Будимпешта многу се залага за вашето пристапување кон ЕУ

Никола Груевски од Будимпешта силно се залагал Република Македонија да стане дел од Европската унија. Ова го истакна унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, одговарајќи во Скопје на новинарско прашање за пребеганиот поранешен премиер во унгарската престолнина.

developer | 05.07.2019

По реконструкцијата сите карти на Заев на маса

Премиерот Зоран Заев ја “одигра” и реконструкцијата. Обелодени дека ќе се сменат само шест министри од Владата. Собранието требаше да гласа за измените во неговиот владин кабинет на 26 јуни.

developer | 05.07.2019

Вработена во МВР се заканувала со бомба на новиот директор Есад Рахиќ

Сите разбраа дека Есад Рахиќ е новиот директор на истражниот затвор во скопска Шутка, по случајот со жената која му се закануала со бомба.
Имено само неколку дена од неговото наименување на оваа позиција, пред капијата на затворот “Скопје” дошла жена која гласно почнала да се дере и да го извикува името на Есад Рахиќ. Притоа спомнувала дека ќе употреби бомба.

developer | 24.06.2019

ВМРО-ДПМНЕ со закана дека ќе го бојкотира пописот!

Надлежната комисија во Собранието на Македонија нема неделава да го разгледува Законот за Попис 2020 откако реагираше ВМРО-ДПМНЕ со забелешки.
– ВМРО ДПМНЕ нема да учествува во спроведувањето на пописот на населението зашто овој закон е изготвен на шверцерски начин, според договор на Заев и Ахмети, предупреди Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

developer | 24.06.2019

Кои „мустри“ добиваат државна плата за да му солат памет на премиерот?

Бројот на надворешни соработници на Зоран Заев порасна на 39 лица. Заедно со редовните сега има вкупно 63 советници. Тоа се две третини од бројката на советници на Никола Груевски, кој годишно трошење по 1.7 милиони евра за 91 советник.

developer | 24.06.2019

Груевски ќе поднесе оставка: Мора ли сам да ја врачи или може да ја прати од Унгарија?

Оставката на Никола Груевски од пратеничката позиција се уште не стасала до Собранието. Власта вели дека го чека лично да ја достави, а опозицијата пак вели доволно е Груевски на писмено да прати дека се повлекува.