developer | 09.09.2017

На 45 дена пред локалните избори: Кои се главните адути за Скопје?

Политичките партии на големо се подготвуваат за почеток на кампањата за локалните избори кои следуваат.

developer | 09.09.2017

Србија и Mакедонија – чудо за три дена

Од демонстративно повлекување на амбасадата до покана за заедничка седница на Владите
Заев и Вучиќ телефонски разговарале и се договориле да не се караат. Индикативно беше молчењето на Вашингтон и Москва за овој “невиден дипломатски скандал”, а Брисел само рутински порача да се “смири топката”.

developer | 09.09.2017

56 издание на Струшките вечери на поезијата

На брегот на Охридското Езеро, на мостовите на Дрим во Струга, за време на викендот, по 56-ти пат се одржаа Струшките вечери на поезијата. Оваа светски позната манифестација започна со традиционалното садење дрвце во Паркот на поезијата, веднаш до Домот на културата.

developer | 29.08.2017

Скопје-Белград: Хронологија на замрзнување на (добро)соседските односи

На 3 јуни во Белград во 2013 година се одржа првата заедничка владина седница на владите на Република Македонија и Република Србија. Македонија го врати гостопримството во февруари 2015 година кога Скопје беше домаќин на ваквата заедничка седница. Се чинеше дека односите помеѓу двата соседа не можат да бидат подобри.

developer | 29.08.2017

Белград тврди: Во Скопје има силно разузнавачко делување против Србија, засилено со странски фактор

Целиот персонал на Амбасадата на Србија во Скопје минатиот викенд бил повлечен на консултации во Белград.

developer | 29.08.2017

Судскиот совет им го симна имунитетот на петмина судии од Управен

Петмина судии од Управниот суд останаа без својот имунитет кој им следува со функцијата.

developer | 29.08.2017

Приведени препродавачи на карти за Суперкупот, приведен и еден разузнавач од Македонија

За време на одржувањето на Суперкупот во Скопје, на 8 август, полицијата приведе вкупно 14 лица, од кои шест странски државјани и осуммина македонски.

Иако плажите долж Охридското Езеро се преполни, речиси 30% од нив се без спасувачи, а половина од струшката страна се и необезбедени. Проблемот се повторува секоја сезона, па па се регистира зголемен број на давеници и инциденти на плажите. Одговорноста треба да се бара кај концесионерите, Министерството за транспорт и врски и локалните самоуправи на Охрид и Струга кои не вршат редовни инспекции на капалиштата
developer | 13.08.2017

Тресат земјотреси, ама тресат и концерти

Сеизмолошките центри постојано регистрират нови земјотреси со епицентар помеѓу Охрид и Ресен, но зачестеноста драстично опадна.

developer | 13.08.2017

Заев и Борисов овластени од Владите да го потпишат Договорот

Владите на Република Македонија и на Република Бугарија ги овластија премиерите Зоран Заев и Бојко Борисов да го потпишат Договорот за добрососедство. Неговата примена ќе стартува по ратификацијата во македонското и бугарското собрание. Декларација за поддршка на Договорот даде и бугарското Собрание, за што гласаа 206 од вкупно 240 пратеници.

developer | 13.08.2017

Барџиева-Трајковска: Музејот на ВМРО може да остане без статусот “културно наследство“

Нема ништо спорно да се избрише статусот на културно наследство на Музејот на ВМРО и Порта Македонија (вториот објект му беше приклучен на првиот за и тој да се прогласи за “културното наследство”), затоа што во моментот кога тој бил отворен сè уште го немал карактерот на музеј, вели Донка Барџиева – Трајковска, претседателка на Центарот за заштита на културно наследство, во интервју за Радио Слободна Европа. 

developer | 31.07.2017

Опозицијата го условува договорот со Бугарија и бара итна собраниска седница

Најголемата опозициска партија ВМРО – ДПМНЕ бара од претседателот на Собранието ургентно да свика пленарна седница за разгледување на Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија.

developer | 31.07.2017

Јелена Жугиќ и Братислав Димитров ги изгубија директорските фотелји

Промената на власта донесе промени во кутурата
Министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, ги разреши директорите во НУ Театар за деца и младинци – Скопје, Братислав Димитров, како и на НУ Театар комедија – Скопје, Јелена Жугиќ.

developer | 31.07.2017

Отворен 57.фестивал „Охридско лето“

Со концерт на култниот американски џез квартет „Форплеј”, придружуван од Македонската филхармонија под диригентство на Емин Џијан, што се одржа на Античкиот тетар, започна 57-то издание на најпрестижната музичко-сценска манифестација во земјата – фестивалот „Охридско лето”.

developer | 14.07.2017

ГРУЕВСКИ: „Заврши нашата конструктивност“

Водени се од омраза, гнев и обврските кон налогодавачите. Но, ова нема така да помине. И, ако мислат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го преспие ова длабоко се излажале, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на прес-конференција веднаш по објавата на СЈО за поднесените нови 17 обвиненија и побарани притвори.

developer | 14.07.2017

Судот не одобри притвор за Груевски, Јанкулоска, Јанакиески, Мијалков…

Како алтернативни мерки им се одземени пасошите и мора редовно да се пријавуваат во Судот.

developer | 14.07.2017

Со 4 камиони од Москва стасуваат спектаклите на режисерот Иван Поповски

Македонската публика ќе ги види театарските спектакли во режија на Поповски, кои предизвикаа огромен интерес кај руската, но и кај европската публика.

developer | 04.07.2017

Министерството за култура најави истрага за криминалните активности на Плаошник и лажните градби од “Скопје 2014“

Новиот министер за култура, Роберт Алаѓозовски, вели дека за разлика од претходното раководство на министерството, тој нема да постапува конспиративно, да поттикнува корупција, клиентелизам и криминал, да постапува незаконски, да брише утврден статус на културно наследство и да врши упад во работата на стручните служби, претворајќи ги во марионети.

developer | 04.07.2017

Доделени наградите на 52. МТФ „Војдан Чернодрински“

„Трудна приказна” на Театар Комедија од Скопје ја доби наградата за најдобра претстава на годинашниот Меѓународен театарски фестивал „Војдан Чернодрински”.