На програмата на Скопје филм фестивал беше прикажан новиот македонски игран филм „Лазар” на режисерот Светозар Ристовски.
Во актерската екипа се: Ведран Живолиќ од Хрватска, Наташа Петровиќ и Дејан Лилиќ од Македонија, Красимира Кузанова и Александар Сано, двајцата од Бугарија.
Новинарот Зоран Божиновски, кој беше испорачан од страна на српските власти, бил изведен пред судија на претходна постапка во Основниот суд Скопје 1, каде побарал дополнително време за да се изјасни по наводите во барањето за истрага.
Обидите за криумчарење на мигрантите не запираат.
ЕМОТИВНО ПИСМО НА ИВАНА ЧОЛАКОВСКА, ЖЕНАТА КОЈА ЈА ОБИКОЛУВА ЗЕМЈАТА СО МОТОР:
Не можам да извадам нов македонски пасош во Канада. Секој пат кога треба да ја објаснам процедурата и како функционира работата на нашата амбасада ми е срам, и дека после се што поминав за да стигнам до тука тие не сакаат да ми излезат во пресрет
„Од град во село, за нов почеток” е новиот проект од Програмата на ВМРО-ДПМНЕ со пакет мерки и бенефиции со цел поттик на населението за враќање во селата.
Академскиот сликар Коста Крпач (40) беше најден минатата среда (27 април) застрелан со еден куршум во градите во неговиот стан во Скопје. Тој е еден од списокот со 56 аболицирани на претседателот Иванов. Пред самоубиството тој испукал три куршума во комбе подолго време стоело паркирано од спротивната страна на улицата.
Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан до сите верници од православна вероисповед упати велигденска порака по повод најголемиот празник Воскресение Христово – Велигден.
Новинарот Зоран Божиновски, кој е еден од обвинетите во случајот “Шпион”, во четвртокот доцна вечерта беше екстрадиран од Србија во Македонија по меѓународна потерница издадена на 19 ноември 2013 година.
Третото судење за „Ровер” никако да почне:
Во Кривичниот суд во Скопје на 21 април повторно беше одложено судењето за случајот „Ровер” поради отсуство на обвинетиот Сашо Јовановски. Неговиот адвокат рече дека тој е оправдано отсутен поради здравствени проблеми. Од истите причини судењето беше одложено и на 8 овој месец.
Унифицираното адаптирање на излозите на дуќаните во чаршијата е погрешно, рече Лазар Шуманов, претседателот на невладината организација „ИКОМОС”, по повод Меѓународниот ден на спомениците и локалитетите.
Интензивно течат активностите за реализација на конзервацијата на еден од најзначајните споменици на средновековната уметност во Република Македонија, црквата „Св. Ѓорѓи” во преспанското село Курбиново, соопшти Министерството за култура.
Деновиве сме сведоци на жестоки дебати околу тоа што е македонското културно наследство, каде се наоѓа и колку се грижиме за него.
Еврокомесарот Јоханес Хан и тројцата европарламентарци: Ричард Хауит, Едвард Кукан и Иво Вајгл фрлија морков, објавувајќи дека е можно изборите на 5 јуни да бидат признаени ако се спроведат итно некои чекори, меѓу кои повлекување на амнестијата од страна на претседателот Ѓорге Иванов, но во исто време најавија и стап, т.е. поконкретни предупредувања.
ТРЕТА СЕДМИЦА СО ПРОТЕСТИ
Денес влегуваме во третата недела со протести и контрапротести во Македонија, кои избувнаа по прогласувањето на големата аболиција од страна на претседателот Ѓорге Иванов.
Претставата „Ромео и Јулио” на независниот театар „Болоњиникоста” од Рим е добитник на Гран-при за најдобра претстава на 9. Интернационален театарски фестивал „Лица без маски” во Скопје, посветен на независната професионална продукција, која негува алтернативен и експериментален театар
Претседателството на Друштвото на филмски работници од Македонија (ДФРМ) соопшти дека е сменет директорот на Интернационалниот фестивал за филм и камера “Браќа Манаки” поради програмски несогласувања. Димитар Николов-Таки беше назначен на оваа позиција ланската година и бурно реагираше на сменувањето.
„Барам изземање на јавната обвинителка за која ќе поднесам кривична пријава за она што ми се случуваше на 26 февруари кога бев спроведен во зградата на скопското обвинителство”, изјави Захир Бекири-Чауш на првото судско рочиште, во процесот кој против него се води под обвинение за фалсификување и за недозволено поседување огнено оружје.
Во Дојранското езеро се наоѓаат екстремно високи концентрации на отпадни материи, фосфорни и азотни соединенија и ги надминуваат досега забележените концентрации на овие материи во било кој воден екосистем во земјата.