developer | 10.02.2016

Неготино ќе бира најубави вина и ракии

Неготино ќе бира најубави вина и ракии, како дел од бројните активности со кои ќе биде одбележан верскиот празник Свети Трифун, кој се смета за заштитиник на лозарите, информираат од неготинската локална самоуправа. 

developer | 09.02.2016

Поддржани 61 проект од креативните индустрии

Во Новиот центар за дизајн и иновации „Јавна соба” беа соопштени резултатите од четвртиот по ред конкурс за поддршка на проекти од областа на креативните индустрии од страна на Министерството за култура, чија цел, како што потсети министерката Елизабета Канческа-Милевска, е поттикнување на младите луѓе да го развиваат својот креативен потенцијал и да создаваат инвентивни и квалитетни производи, кои ќе им донесат и финансиски бенефит. 

developer | 09.02.2016

Ќе се обновуваат фасадите на куќите на Коџоман и Малески во Струга

Во Струга годинава предвидено е да се реновираат фасадите на две куќи со автентичен стил, а треба да заврши и конзервацијата на фрескожипописот во црквата „Свети Ѓорѓи”, информира директорката на Завод и Музеј – Охрид, Тања Паскали-Бунташеска. 

developer | 09.02.2016

Наградата „Гоцева мисла“ за Тања Попова и за Звонко Танески

Во пресрет на 4 февруари, роденденот на Гоце Делчев, годинашната меѓународна награда „Гоцева мисла” им се доделува на Тања Попова од Бугарија и Звонко Танески од Македонија. 

developer | 09.02.2016

Во Македонија пак ќе се снима странски филм

Kомпаниите за филмска продукција од Франција и Велика Британија – „Marnie Digital” и „2017 Films”, се заинтересирани да снимаат во Македонија. Тие деновиве се сретнале со министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска. 

developer | 09.02.2016

Филмска бркотница кај Богомила – превртено возило и осум повредени лица

Мешовита полициска патрола во реонот на с. Богородица околу 05:30 часот во понеделникот забележала три патнички моторни возила „ауди”, сите со скопски регистарски ознаки. 

developer | 04.02.2016

Сложни браќа прават милиони в село

Не плачат за градот четири генерации во семејството Пуцакоски во Големо Коњари. И на наследниците, со компјутери и интернет, на ум не им паѓа да бараат леб во странство. 

developer | 04.02.2016

Зошто македонските скијачки центри ја загубија атрактивноста?

Од некогашен лидер, до безмалку губитник во битката со регионалната конкуренција. Македонските ски-центри стануваат се понеатрактивни. Експертите апелираат за сериозна стратегија за подобрување на состојбите. 

На ланскиот конгрес на Жените на ВМРО-ДПМНЕ Груевски тврдеше дека нема да дозволи техничка влада и нови избори. По овој говор пак се очекува дека ќе му горат ушите од реакциите на Брисел и Вашингтон
developer | 04.02.2016

Во април народот ќе си ја врати делумно одземената власт и на клоци ќе ги избрка сите Катици, Ванхојтовци и други „продавачи на магла“

СО ДОСЕГА НАЈЖЕСТОК ГОВОР ГРУЕВСКИ ПРЕД ЖЕНИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ:
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на 16. конгрес на Унијата на жени на партијата одржа говор од речиси половина час кој не остави никого рамнодушен.

Над 90 полициски службеници од 6 држави се на македонската јужна граница преку која влегува бегалскиот бран, потврдуваат од МВР. Полицајци од Србија, Хрватска, Унгарија, Чешка, Словачка и Словенија веќе се во Гевгелија и заедно со македонските колеги вршат засилен надзор на границата, а од МВР очекуваат многу скоро и Австрија да прати свои полициски службеници.
developer | 04.02.2016

Грција ќе гради бегалски мегакамп на границата со Македонија?

Неколку европски земји веќе испратија свои полицајци во Македонија да им помагаат на македонските полицајци и војници при контролата на границата од бегалците. АРМ доби и опрема за набљудување на границата за спречување на илегалните влезови на сè поголемиот број мигранти од Грција, преку Македонија, на патот кон ЕУ. 

ДИК во четвртокот за 10 минути одржа седница на која одлучи да се оди во вкрстена проверка на ИС според базите на податоци во 13 државни институции и јавни претпријатија
developer | 04.02.2016

Прочистен избирачки список ќе отвори многу проблеми

СДСМ во своето време, ДПА, ВМРО – ДПМНЕ и ДУИ, сите на одреден начин си го земаа својот дел од тој вишок на избирачи што ги има во тој избирачки список.

Заев посакува изборите да се случат во септември, но нема како да ги убеди владејачките партии тоа да го прифатат. Освен со нови улични протести
developer | 04.02.2016

СДСМ одлучи: не учествува на избори на 24 април, министрите остануваат во владата до 24 февруари

СДСМ нема да учествува на изборите на 24 април, но до пред распуштање на Парламентот даваме шанса да се корегираат одлуките за датумот на изборите, изјави претседателот на СДСМ Зоран Заев по одржаната седница на партискиот Централен одбор на кој се разгледувани одлуките на Собранието на РМ за новиот технички премиер (со Влада) и одложеното распуштање на 24 февруари. 

Орав и Пломп бараат фер и инклузивни избори
developer | 04.02.2016

Орав се пожали на закани, МВР му го зајакна обезбедувањето

Амбасадорот на ЕУ во Македонија Аиво Орав се пожали дека европските претставници во Скопје се изложени на закани, иако и сакаат добро на Македонија и постојано се обидуваат да помогнат во решавањето на политичката криза во државата. 

developer | 02.02.2016

Во Скопје и Охрид „повратници“ го фатија Чесниот крст

Во сите градови низ Република Македонија беше одбележан еден од најголемите христијански празници – Богојавление. со кој се одбележува покрстувањето на Исус Христос во водите на реката Јордан. Празникот, кој се одбележува уште од вториот век, се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет што го извршува црквата на овој ден. 

Новата техничка Влада положи заклетва, без министрите од СДСМ
developer | 02.02.2016

Новиот премиер Димитриев му се заблагодари на Груевски за довербата

Собранието со 72 гласа “за” и 9 “воздржани” ја изгласа новата техничка Влада, која до изборите ќе ја предводи премиерот Емил Димитриев (генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и досегашен пратеник). 

Гласањата по трите точки на седницата поминаа без пра­те­ниците на опозицијата. Собранието одработи ефикасно, исто како кога СДСМ беше во бојкот
developer | 02.02.2016

Парламентот се самораспушти со „отказен рок“, ја констатираше оставката на Груевски, ја изгласа новата техничка Влада

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ сфатија дека имаат “зелено светло” од еврокомесарот Хан да одат на избори на 24 април. За да се фатат роковите и да се стави СДСМ пред свршен чин, брзо се организираше смена на премиерската позиција на 95 дена пред изборите.

developer | 02.02.2016

ЕУ не сака повеќе бегалци, Балканот најавува затворање на границите

Европската унија постепено се подготвува да ги затвори своите граници за бегалците од кризните региони. Тивката политичка одлука на ЕУ веќе започна директно да им се пренесува не само на земјите членки на ЕУ, туку и на земјите од Балканот, кои имаат аспирации да се дел од Унијата, меѓу нив Македонија, Косово и Србија.

Иванов му го довери мандатот на Емил Димитриев, кој стана седми премиер на РМ. Изборите во април треба да бидат испитот за да ни се врати препораката за членство во ЕУ. Не можеме да си играме со тоа
developer | 02.02.2016

Иванов: Нема мрдање, во Изборниот закон пишува дека изборите се на 24 април!

Граѓаните им ја дале довербата на политичките партии не за да бидат нивни заложници туку да работат во интерес на државата, пишува во соопштението за јавноста на претседателот Ѓорге Иванов, во кое меѓу другото стои.