ДОДЕЛЕНИ ДРЖАВНИТЕ НАГРАДИ „СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ”
Првиот лиценциран бродвејски мјузикл во Македонија, „Чикаго” во режија на Наташа Поплавска ќе има премиерна изведба на 28, 29 и 30 декември.
Иако дојде на самиот крај од годинава, претставата “Мајсторот и Маргарита” во Македонскиот народен театар – Скопје уште сега може да се прогласи за најдобра во 2015.
Ден Дончев, кој сега се наоѓа во Македонија, во емисијата „360″ степени на телевизија “Алсат-М” минатата недела зборуваше за случајот со продажбата на „Македонска банка”, кој беше практично првата т.н. „бомба”.
Ќе ги објави ли Специјалното обвинителство првите обвиненија пред нова година?
„Повелбата на Блаже Конески” неодамна ја востанови Друштвото на писателите на Македонија во знак на чествување на големиот поет и прв претседател на македонската писателска асоцијација Блаже Конески. Повелбата ќе се доделува на секои пет години.
Гласоечкото машко двогласно пеење од Долни Полог (Тетовско) е впишано во листата на УНЕСКО за нематеријално културно наследство на човештвото за ургентна заштита, на седницата на Меѓувладиниот комитет на Конвенцијата на УНЕСКО која се одржа од 30 ноември до 5 декември во Намибија.
Mузејсkи реплиkи во Сkопје најмногу kупуваат Кинезите, во Охрид – Холанѓани и Турци.
Странците кои доаѓаат во Македонија како и домашните фирми се најчести купувачи во музејските продавници, велат директорите на неколку музеи во земјата.
Две лица се убиени, а едно се бори за живот, по вооружен напад кој се случил на влезот во скопското село Грчец.
Економските мигранти на кои не им се дозволува влез, поставиле и блокади за да не можат ниту бегалците кои доаѓаат од воените жаришта да ја преминат границата и извикувале „Ако не можеме ние, нема ни тие!”.
СПЕЦИЈАЛНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО ГО ОДБРА ПРВИОТ ПРЕДМЕТ:
Специјалното јавно обвинителство (СЈО) објави дека првиот предмет за кој започнува предистражна постапка ќе биде за изборните нерегуларности кои, според „бомбите” на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ги правеле функционерите на власта.
Многумина кои ја следат работата на собраниската Анкетна комисија за прислушувањата велат дека уште отсега се гледа оти работата ќе биде “труба”.
Во Центарот за култура во Тетово премиерно беше изведена претставата „Чернодрински се враќа дома” на Горан Стефановски, во режија на Дамјан Читкушев.
ПОГРЕШНИ ПРЕСМЕТKИ ИЛИ СKАНДАЛ ВО ТИРАНА
Мистериозно исчезнале над 600 икони, кои полицијата во Албанија ги заплени пред две години при апсењето на колекционерот Ѓерг Тимио (51) од Kорча (а кој е веќе осуден на седум години затвор), пишува скопски “Дневник”.
“ВЕСТ”: ГО БАРА ИНТЕРПОЛ, А ТОЈ СТАНА ДИРЕКТОР НА СТРУШКИ ВОДОВОД
Аќиф Ајро, новопоставениот директор на струшкото претпријатие “Проаква”, подолг период се наоѓа на листата на Интерпол и по него трагаат американските власти.
Осумнаесет македонски полициски службеници и војници се повредени откако биле каменувани и гаѓани со шишиња од страна на економските мигранти кај Котата 59, на границата со Грција.
Oткако неделникот “Фокус” ја отвори аферата за фалсификувани 30,000 лични карти технички назначениот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски го снема, рече на прес-конференција Антонио Милошоски, член на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Кампот со шатори што го поставија мигрантите на кои Македонија не им дозволува транзит веќе е речиси празен. Изминатата седмица таму имаше преку илјада бегалци од Бангладеш, Иран, Пакистан, Мароко, Гана…