Не излегувајте од дома ако не морате.
Треба да одбегнувате да излегувате од дома заради која и да е активност што не е од суштинско значење.
Со појавата на коронавирусот некои луѓе во Австралија започнаа да носат заштитни маски. Маските за лице мора да се носат правилно, честопати да се менуваат, да се отстранат правилно, да се отстрануваат безбедно и да се користат во комбинација со добра хигиена, за да бидат ефективни.
Бесплатното патување до Тоскана ќе беше сон пред еден месец, но сега Австралијците кои се наоѓаат на крузерот „Коста Луминиоза”, се плашат дека тоа би можело да ги чини нивните животи, пишува „Гардијан”.
Советот на викториската општина Витлси заедно со младата градоначалничка Емилија Стерјова се разрешени по препорака на Јехуди Блачер истражителот испратен од министерот за локална самоуправа.
Деновиве бугарската јавност беше бомбардирана од тврдењата дека не се точни објавите од Македонското друштво „Илинден”-Тирана, дека во Албанија нема Бугари, реагираат од ова друштво и велат:
Ѓоко Јовиќ и ,,Енерџи бенд” минатава недела ја завршија музичката турнеја низ поголемите градови во Австралија. Сите оние што ги видоа во живо беа сведоци на голема посетеност и наелектизирана атмосфера на нивните настапи.
Кичевчаните Спасен Силјаноски и Дарко Стојаноски, заедно со “Престиж бенд”, во “Фераро” рецепција минатава сабота, направија фантастичен концерт со нивниот богат репертоар и избор на познати македонски хитови кои се пеат со генерации.
Сеќавањето на Тоше Проески и ѕвезденото небо уште еднаш блесна светлина и љубов за сите што присуствуваа на хуманитарниот концерт ДЕТСКА НАСМЕВКА ЗА ОВОЈ СВЕТ – A CHILD’S SMILE FOR THIS WORLD.
На покана на на Македонската добротворна организација од Австралија (MCWA), поранешниот македонски претседател (во два мандата) Ѓорге Иванов дојде на Петтиот континент за да биде покровител на неколку настани од добротворен и хуманитарнен карактер што ќе се одржат во Мелбурн, Сиднеј и Волонгонг.
Честитки за Викторија Гошаревска која го доби годишниот Сертификат за постигнување на првото место на NSW Macedonian Continuers (CCAFL) за 2019 година.
Во интервју за телевизиската емисија „60 минути” Сара Ристевски (24) првпат проговори за смртта на нејзината мајка, откривајќи дека го прашала нејзиниот татко Борче Ристевски дали тој е одговорен за убиството.
Минатиот петок во Домот на АРМ во Скопје се одржа “Гоце фест 2020”, фестивал на кој веќе 31 година се пеат најновите родољубиви и патриотски македонски песни.
Изминативе неколку недели дознаваме се случуваат повеќе измени во Добротворната асоцијација на Македонската заедница (MCWA). Повеќемина се јавија во нашата канцеларија со жалби и барања за нешто да се преземе.
Вработениот во “Дрисла”, кој живе во Австралија, а примал плата со месеци (како што напомна градоначалникот Шилегов) е кумашин на поранешниот јавен обвинител Љупчо Шврговски, објави порталот “24 Инфо”.
Љупчо Ристовски, претседателот на Македонска конзервативна партија “ИНТЕГРА”, во саботата го заврши официјалниот дел од посетата на Австралија.
Во саботата, на 23-ти ноември, во просториите од ФК „Грингилски лавови” во населбата Грингила крај Волонгонг се одржа традиционалната Волинска вечер.
Групата „Синтезис”, во рамките на турнејата по Австралија, имаше средба со музичарите и игрорците на МКУД „Илинден” – Сиднеј, што на 26 ноември одбележа голем јубилеј – 53 години од основањето.
Новата наставна програма за изучување на македонскиот јазик во училиштата во Нов Јужен Велс, свечено им беше предадена на претставниците на „Македонскиот просветно-училишен одбор на Нов Јужен Велс”, во седиштето на Националното тело за стандарди во образованието.