developer | 11.07.2016

Заврши најдолгиот и најскапиот спор во Заедницата

Црковната општина „Света Петка” од Рокдаил, која беше во постојан судски спор со владиката Петар и за чие докажување чија е се потрошија десетина милиони долари, од минатата недела званично се приклучи кон новата епархија со која раководи Владиката г. Тимотеј.

developer | 11.07.2016

Традиционалниот Охридски бал во Мелбурн

Социјалното друштво “Свети Наум Охридски” од Мелбурн во саботата, на 2 јули, го одржа надалеку прочуениот бал во Емералд рецепција.

developer | 11.07.2016

Македонците од Австалија најбројни во градот на конзулите

Туристичката сезона во Македонија официјално започна и бројот на Македонци од Австралија се зголемува од ден на ден. Минатата недела го забележавме брачниот пар од Квинбијан кој се возеше со вилосипеди на познатиот Широк Сокак во Битола.

developer | 11.07.2016

Ќе се украсува дворот на манастирот “Св. Климент Охридски” во Кинг Лејк

Mакедонската Православна Општина за Мелбурн и Викторија ја известува македонската заедница дека во недела, на 10-ти јули 2016 год со почеток во 8.00 часот наутро, организира доброволна работна акција во паркот “Македонија”, во Кинг Лејк.

developer | 11.07.2016

Кажете што мислите за Metro Tunnel

Луѓе од различно културно и јазично потекло (CALD – потекло) присуствуваа на информативната средба за заедницата во врска со Metro Tunnel, која се одржа во Multicultural Hub во Мелбурн.

developer | 04.07.2016

КУД ”Македонски Бисери“ од Крингила на турнеја низ Македонија

Македонското Културно уметничко друштво “Македонски Бисери” од Волонгонг замина на турнеја во Република Македонија.

developer | 04.07.2016

30 годишнина на Македонија Парк

Стирлинг Лајонс во сабота, на 9 јули, со почеток во 18:30 часот ќе прославува 30 годишен јубилеј на стадионот Македонија Парк. Присутните ќе можат да уживаат во богат коктел со храна и пијалоци, музика и настап на културно уметничко друштво.

developer | 04.07.2016

Лена Заткоска во галичка приказна за „Да сум твоја“

Лена Заткоска, македонската пе­јачка коja e родена во Мелбурн и долги години живее(ше) во Австралија имаше забележителен настап на годинешниот „Макфест 2016″, со баладата „Да сум твоја”, која наскоро ќе добие своја визуелизација.

developer | 04.07.2016

Вечеринка на младите играорци

Секогаш е убаво кога може да се видат младите играоци како се дружат. Така и минатава сабота во Фераро рецепцијата се одржа вечеринката на КУД Гоце Делчев, а како гости беа присутни и културно уметничките дру­ш­тва “Никола Карев” и “Јане Сандански”.

developer | 04.07.2016

Грција може Монастири, а Македонија не може Воден, Лерин, Кукуш…

Кога минатата година европските изведувачи ја завршиле реконструкцијата на патниот правец Лерин – Меџитлија, почитувајќи ги меѓународните стандарди, поставиле сообраќаен знак на кој името на градот Битола се означува и со грчка азбука и на латиница (Μπιτολα и Bitola).

developer | 04.07.2016

Ми пречи што традиционални песни снима кој ќе стаса

Фолк пејачката Милица Кузмановска повторно заминува за Австралија. Таа кон крајот на месецот заедно со колегите Сузана Спасовска, Благоја Грујовски и Ибуш Ибраимовски ќе настапи во сите поголеми градови, каде живеат Македонци.

developer | 04.07.2016

Македонците од Нов Зеланд ја напуштија епархијата со која раководи владиката Петар

Управата на македонската црковна општина „Собор на сите Македонски Светители­” од Окланд , Нов Зеланд, донела одлука да ја напушти епархијата со која раководи владиката г. Петар и да побара приклучување кон Австралиско Сиднејската Епархија, со која раководи надлежниот архиереј владиката г. Тимотеј.

developer | 04.07.2016

МАКЕДОНИЈА 2025: Дијаспората и економскиот напредок

Во палатата Кајзерхаус во Виена, организацијата Македонија 2025 одржа прием чија цел беше да се зближат и запознаат претставници на професионалната македонска дијаспора од Европа и да се промовираат можностите за инвестирање и соработка во Република Македонија.

developer | 04.07.2016

Kаде се денес некогашните активисти?

Павле Велјаноски

developer | 04.07.2016

Филмови за судбината на нашите од Егејот

Минатиов петок, Darebin Arts and Entertainment Centre во Престон беше исполнет со околу 400 посетители кои дојдоа да ги видат документарните филмови „Македонец” на Петро Алексовски, „Луѓе без земја” по сценарио на Атанас Кировски и „Бегалци” на Антон Блајер и Џон Циглев.

developer | 04.07.2016

Догледање на ѕвездите од Македонија

Заврши успешната турнеја на Ефто, Ферус, Кико и Петра со последниот настап во Мелбурн. Концертите беа буквално распродадени, единствено во Сиднеј не беше распродаден, но според организаторт имало петстотини присутни а салата имала капацитет до 1,000.

developer | 25.06.2016

Проекција на филмот ,,Македонец” во Мелбурн

Документарниот филм „Македонец” на Петро Алексовски, е кофинансиран од Полскиот филмски институт. Ја опфаќа судбината на дел од децата, кои тогаш беа евакуирани и распространети во различни поранешни социјалистички земји како Југославија, Романија, Чехословачка, Унгарија, СССР и Бугарија.

developer | 25.06.2016

Почина познатата македонска актерка и поетеса Вукосава Донева-Варколи

Погребното опело за покојната Вукосава Донева-Варколи се одржa на 9 јуни во Palmdale Cre­ma­torium, Rose Chapel а специјална комеморација имаше следниот ден во 9.30 часот во просториите на Литературното друштво „Григор Прличев”