Објективот на нашата камера забележа голем број на наши иселеници од сите места од Австралија, што уживаат во топлото и летно расположение на Европа. Годинава, како и веќе повеќе претходни, Македонците од Австралија се сигурно најбројни и најзабележителни од туристите во Македонија.
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, со Медал за заслуги за Македонија одликува четворица поединци – припадници на македонската дијаспора и им го додели признанието Повелба на Република Македонија.
Австралиското биро за статистика (АБС) – Australian Bureau of Statistics (ABS) – информираше во врска со претстојниот 17-ти Попис (Census) на населението и домувањето (Census of Population and Housing) кој ќе се одржи на 9 август. Шефот на програмата “Попис 2016”, Данкан Јанг, ја истакна важноста на Пописот во добивањето на точна моментна слика на културолошкиот состав на Австралија.
Одсега секој вистински љубител на Престон Македонија ќе може да се облече во официјалната тренерка или џемпер на клубот.
Македонците од Леринско, Воденско, Солунско и други региони во Грција во Овчарани го одбележаа националниот празник Илинден.
Приказната за исчезнувањето на Карен Ристевски доби нов заплет со излегувањето на виделина на нејзиниот посинок Антони Рикард, кој е дете на сопругот Борче Ристевски, и кој живеел со фамилијата неколку години.
Иван Радевски, нашиот локален уметник од Мелбурн кој настапува во BT’s ресторанот во Престон, дознаваме дека оваа седмица заминува за Македонија.
Минатата седмица од страна на полицијата во Викторија беше пуштена до медиумите објава за помош да се реши случај на земање голема нарачка алкохол од ботлшопот “Зегами” во Резерво.
ИНФОРМАЦИЈА ЗА МАКЕДОНСКАТА ЗАЕДНИЦА
Забелешка: Одговорите наведени во брошурава се предлози на Австралиско-македонскиот комитет за човекови права. Вие сте слободни да одговорите на прашањата како што сакате.
Полицијата ги истражува сите можности во надеж дека ќе успее да влезе во трага на сомнителното исчезнување на мелбурншката сопруга и мајка Карен Ристевски.
MR. ZORAN COSESKI, HONORARY CONSUL OF THE REPUBLIC OF MACEDONIA TO PERTH, WESTERN AUSTRALIA
Минатиот петок Сузана Спасовска, Милица Кузмановска, Благоја Грујовски и Ибуш Ибраимовски пееја во ресторант “Канео” во Резерво.
Mакедонската православна општина за Мелбурн и Викторија во неделата организираше доброволна работна акција во паркот “Македонија”, во Кинг Лејк.
Во саботата во македонскиот манастир “Свети Прохор Пчински” во Донибрук, беа поставени крстовите на врвот на куполите од новата црква. На пријатното сончево зимско време чинот на опејување го одржаа свештениците од Австралиско-новозеландската епархија што е под администрација на владиката Петар.
Македонската заедница во Сиднеј минатиот четврток одржа состанок во Спортскиот центар “Илинден” за да го изрази незадоволството поради спојувањето на општините Рокдаел со Ботани.
Македонскиот ресторан Нова Европа во Престон минатиов петок целосно изгоре. Кога пожарникарите пристигнале во 1 часот по полноќ се сретнала со пламен висок 30 метри. При гасењето се случиле две експлозии и исфрлање на огнени топки во воздухот.
На јубилејното 55. издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри во Охрид, настапиja КУД „Александар Македонски” од Мелбурн и „Македонски бисери” од Волонгонг.
ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА СОЦИЈАЛНОТО ДРУШТВО “СВ. НАУМ ОХРИДСКИ”
Минатиот викенд музичката експедиција од македонските ѕвезди Сузана Спасовска, Милица Кузмановска, Благоја Грујовски и Ибуш Ибраимовски имаа извонредни настапи во полните сали на Лаунџ Ресепшон во Волонгонг и Панчбол Клуб во Сиднеј.