developer | 02.11.2016

Да работиме заедно за мир, развој и хуманост

Австралискиот оддел на Македонска Обединета Дијаспора (ОМД), преку Ордан Андреевски беше присутен на неодамнешната конференција на Универзитетот Мелбурн наречен Дијаспората во акција: Да работиме заедно за мир, развој и хуманитарната помош.

developer | 02.11.2016

Импресионираа играорците на заедничката игранка

ММД “Никола Карев” уште еднаш покажа дека со голема љубов работи на негувањето на фолклорот. Во тој дух во просториите на Preston Мacedonia Social Club организираше игранка заедно со гостите од Волонгонг, МКУД Македонија и КУД Гоце Делчев.

developer | 26.10.2016

Македонците од Канада го „воскреснаа“ весникот „Илинден“

„Илинден”, единствениот печатен весник на македонски јазик во Албанија, почна повторно да се печати благодарение на финансискста подршка на Македонците од Канада.

developer | 26.10.2016

Прослава за 25-от јубилеј од независноста на Република Македонија

Централната прослава по повод 25-годишниот јубилеј на Република Македонија, во организација на Советот на македонската заедница од Викторија, се одржа минатиот петок во “Емералд” рецепција во Томастаун.

developer | 26.10.2016

За Македонското прашање

Во четврток, на 6 октомври, во “Ротари клубот” е поканет како гостин-говорник почесниот конзул на Република Македонија во Австралија, г-динот Зоран Ќосевски. Тој ќе одржи говор за Македонија во 20 век, за сите војни за поделби на територијата и за македонското прашање, потоа за РМ денес и во иднина како и за нашата македонска заедница во Австралија.

developer | 26.10.2016

Пратеничката од Tомастаун, г-ѓа Бронвин Халфпени беше во Република Македонија

Дојде да види од каде потекнуваат нејзините гласачи во Австралија
Член на парламентот на австралиската држава Викторија од електоратот во Томастаун, г-ѓата Бронвин Халфпени, деновиве беше во неколкудневна посета на Република Македонија.

developer | 17.10.2016

Прослава по повод 25 години независност на Република Македонија

Централната прослава по повод 25-годишниот јубилеј на Република Македонија, што ќе се одржи во петок на 23 септември во “Емералд” рецепција во Томастаун е во организација на Советот на македонската заедница од Викторија и е поддржана од амбасадата и конзулатот на Македонија во Австралија.

developer | 17.10.2016

Патник по ѕвезденото македонско небо – најнова книга на Гордана Димовска

Во издание на Агенцијата за иселеништво на Р. Македонија, деновиве излезе од печат најновата книга на Гордана Димовска: “Патник по ѕвезденото македонско небо”. Книгата е збир на раскази, песни за возрасни, песни за деца, научно-историски записи и легенди. Дел од расказите се и на англиски јазик по барање на читателската публика од Австралија.

developer | 17.10.2016

Австралиско македонскиот театар од Сиднеј ќе учествува на фестивалот за уметност Discovery Festival

Австралиско македонскиот театар од Сиднеј со најновата театарска престава „Баба се мажи” ќе земе учество на Фестивалот за уметност Discovery во општината Georges River (Сиднеј), што традиционално се организира повеќе години.

developer | 17.10.2016

Малата Изабела Димовски го освојува козметичкиот пазар во Австралија

Имав само осум години кога го почнав бизнисот, па во тоа време не мислев дека нешто е невозможно, само работев нешто што навистина сакав да го правам и сега се држам до тоа, вели Изабела Дималовски – Изи (14), која поседува сопствена козметичка линија Luv Ur Skin.

developer | 17.10.2016

Услуги за одмена од негата

Одмена од негата е краткотрајна нега. Му дава на негувателот кратка пауза од нивната вообичаена улога на негување, за да се посвети на секојдневните активности или да оди на одмор. Исто така на личноста за која што се грижи и се овозможува да запознае други луѓе и да ужива во социјалните активности.

developer | 28.09.2016

Прослава по повод Денот на македонската независност

По традиција и оваа година во Рокдаел се организираше одбележување на 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија.

developer | 28.09.2016

Одбележан 15-годишниот јубилеј на хуманитарната организација „Надеж“

На Денот на независноста на Македонија женската хуманитарна организација „Надеж” од Мелбурн имаше двојна прослава во Мил Парк.

developer | 28.09.2016

Во Сиднеј прличевци го одбележаа јубилејот на републиката

По повод 25 годишницата од независноста на Република Македонија, Литературното друштво „Григор Прличев” на 9 септември организира средба со членовите при што со поезија посветена на независноста на Република Македонија се преставија поетите: Иван Трпоски, Перо Дамчевски-Коцин, Лилјана Тошеска, Душан Ристевски и Жак­лина Михајлова.

developer | 28.09.2016

МАСО со прослава на 25 годишниот јубилеј на независна Македонија

Македонско-австралис­ка­та организација на зедницата (МАСО), минатава сабота, во прекрасната рецепција „Шелдон” одржа заедничка прослава на јубилејот – 25 години самостојност на Република Македонија.

developer | 28.09.2016

Прием за Денот на независноста на Република Македонија во Амбасадата во Канбера

Минатиов четврток во Македонската амбасада во Канбера со свечен прием се одбележа 8 септември, Денот на независноста на Република Македонија.

developer | 28.09.2016

Во Мелбурн гордо се развеа знамето на Република Македонија

За Денот на независноста на Република Македонија во центарот на Мелбурн Советот на македонската заедница од Мелбурн и Викторија ја одржа традиционалната церемонија на подигање на знамињата.

developer | 14.09.2016

Хуманитарниот коктел на МАСО

Минатата недела во рецепцијата “Шелдон”, Македонско-австралиската организација на заедницата – МACO заедно со бизнисмени и поединци организираа хуманитарен коктел за собирање на средства за настраданите од поплавите во Македонија.