Авио Травел е позната и ценета меѓу Македонците во Викторија, со големо искуство од над 15 години. Нивната успешна работа ја признаваат и авиокомпаниите, сега со уште едно признание за Авио Травел од Престон и нашата Милка Секуловска.
Минатава сабота во Шелдон Рецепција социјалното друштво “Демир Хисар” од Мелбурн приреди коктел во чест на посетата на градоначалникот од Демир Хисар, господинот Љупчо Блажевски.
Македонскиот активист во Австралија, Даме Крцоски, ко-сопственик на единствената 24 часовна Македонска радио-станица надвор од границите на Република Македонија, е кандидат за пратеник на владеачката Либерална партија за изборната единица Гиравин во Перт, на државните избори во Западна Австралија кој ќе се одржат на 11 март 2017 година.
Дознаваме дека грчката заедница од Мелбурн е крената на нозе околу плакатите за “Македонскиот културен фестивал” во Вилијамстаун што ќе се одржи во недела, на 27 ноември.
На 1 јануари 2017 година, ќе има промени на проверката на имотната состојба која се користи за да се утврди колку пензија ќе добиете.
Деведесет отсто од пензионерите нема да бидат погодени од оваа промена или ќе добијат зголемување на пензијата.
Ансамблот на МКУД “Илинден” од Рокдаел минатава сабота во бизнис центарот на Сиднеј, кај познатиот Pitt Street Mall (веднаш до трговскиот центар на Myer) разви оро и се слушна гласно нашиот препознатлив мелос.
Битолското социјално друштво “Александар Турунџев” минатата седмица, за продолжениот викенд имаше четиридневна прошетка низ пикторесниот предел на Грампианс.
Турнејата на Анета и групата “Молика”, во организација на МКУД “Јане Сандански”, минатата седмица имаше успешни концерти во Сиднеј. Во Хрватскиот центар во Панчбол повеќе од 500 луѓе се веселеа на изведбата во живо на реномираната група од Македонија.
Весникот The Express од Бенкстаун на 1 ноември објави статија за наградениот поет и писател Иван Трпоски, кој оваа година беше одликуван од македонскиот претседател Ѓорге Иванов со Медал за заслуги за Македонија.
Минатава седмица во Мелбурн една од ударните вести беше рушењето ирскиот паб Corkman’s во Карлтон кој е изграден пред 159 години.
На 25 октомври, во вторникот, во училиштето Epping Secondary College, се одржа т.н. Македонски ден. На овој ден учениците, што го изучуваат македонскиот јазик, имаа можност да учествуваат во активности со кои одбележаа неколку значајни настани.
Фолк дамата Анета Мицевска и групата “Молика” го имаа првиот концерт од турнејата низ Австралија. Во Волонгонг минатиот петок првиот настап беше распродаден до последно место и љубителите што имаа среќа да бидат на оваа вечер уживаа во новите македонски хитови на Анета Мицевска.
Спроред резултатите од локалните избори можеме со задоволство да објавиме дека младата Емили Лиса Стерјова е избрана за општински советник во Витлси. Таа со своите 19 години е најмладиот општински советник досега избран во Витлси.
На овогодишната конференција на Федерацијата на јазици на заедниците на Австралија и НЈВ, во најсветло издание се преставија токму учителите по македонски јазик.
Минатата сабота, во Голден Стар рецепција во Епинг, Струшкото друштво “Браќа Миладиновци” го одржа својот традиционален годишен бал.
Австралискиот дизајнер со македoнско потекло Тони Матичевски во Сиднеј ја доби најпрестижната модна награда во Австралија и е прогласен за моден лауреат за 2016 година.
Во последните три дена од минатата седмица се одржа Филмскиот фестивал во просториите на “Хрствил Сивик театарот”.
Македонската фолклорна група “Разиграна Македонка”, на 8 октомври, во Квинбијан пред полната сала во Bicentennial Hall го прослави својот 25-годишен јубилеј. Околу 500 луѓе го гледаа настапот на 60 играорци.