developer | 31.03.2018

Истекува мандатот на амбасадорот во Австралија Веле Трпевски

Македонскиот амбасадор во Австралија, Веле Трпевски, кон крајот на март, завршува со својот 4- годишен мандат во оваа прекуокенска земја. Тој беше именуван во 2013 на оваа функција, по скандалозното однесување на претходниот амбасадор во оваа земја, Перо Стојановски, кој по една љубовно-шпиунска афера, беше отповикан од тогашната македонска Влада.

developer | 31.03.2018

Ѓоко Јовиќ и Енерџи бенд со преполни концерти во Австралија

Пет концерти досега, исполнети до последното место. Ѓоко Јовиќ и Енерџи бенд со доста импресии од нивната 4-та по ред турнеја во Австралија. До крајот им преостануваат уште 7 концерти сосе најновиот дополнителен заради големиот интерес за 1 април во Гранд Нерет рецепција.

developer | 31.03.2018

А кога Грците палат туѓи знамиња?

Тековниот спор меѓу грчката и македонската заедница во Австралија по долги години тлеење повторно излезе на површина. Грците направија две високо гнасни демонстрации исполнети со говор на омраза, на кои не навредуваа со изливи на расизам и фашизам.

developer | 23.03.2018

Значајна донација за изградба на Македонскиот културен центар во Епинг

Минатиов петок во просториите на Македонската Православна Општина за Мелбурн и Викторија (МПОМВ), во име на викторискиот министер за мултикултурни работи Робин Скот, пратеничката Бронвин Хафпени, која е избрана за подрачјето на Томастаун, објави дека владата на Викторија дава финансиска поткрепа од $375,000, за изградбата на Македонскиот културен центар.

developer | 23.03.2018

Рекордна заинтересираност за концертите на Ѓоко Јовиќ и Енерџи бенд

Во петокот во Гранд Нерет рецепција, а во саботата во Спортскиот центар на фудбалскиот клуб Рокдаел Илинден се одржаа долго очекуваните и одамна распродадени концерти на најпопуларната група од Македонија “Енерџи банд” од Скопје со македонската ѕвезда Ѓоко Јовиќ.

developer | 23.03.2018

Македонците во Австралија излегоа масовно на протест

Во одбрана на нашето име
Илјадници Македонци се собраа во Мелбурн да упатат порака до владата на Република Македонија дека никој нема право да преговара за нашето име и идентитет. Голем број од собраните на топлото време изразија незадоволство од преговорите со Грција и отстапките кои се вршат и го загрозуваат нашето постоење. 

developer | 20.03.2018

Грците анемично протестираа во Мелбурн

Грците одржа митинг со слаб одзив во неделата, на 25 февруари, пред Грчкиот конзулат во Мелбурн. На него во огромно мнозинство беа старци и личеше повеќе на анемичен пензионерски собир.

developer | 20.03.2018

Став на ОМД по повод изјавата на Албанскиот Премиер Еди Рама на 10-годишнината од независниста на Косово

По повод изјавата на Албанскиот Премиер Еди Рама на 10-годишнината од независноста на Косово, во која прилика го наведе предлог заедничкото Претседавање со двете држави, ОМД изразува загриженост за настаните зад северната и јужна граница на Република Македонија.

developer | 20.03.2018

За името не смее да се преговара

Се апелира до сите Македонци, нивните семејства, роднини и пријатели, 4-ти март да го посветат на зачувување на името Македонија, македонскиот јазик, идентитет, Црква, култура и традиции.

developer | 20.03.2018

Награден конкурс за најдобра песна и расказ

Македонското Литературно друштво „Ванчо Николески” од Квинбијан распишува награден конкурс за најдобра песна и расказ за 2018 година. Темата е слободна. Ракописите да се напишани со кирилично писмо.

developer | 20.03.2018

Ѓоко Јовиќ и Енерџи со Перт ја започнаа турнеја низ Австралија

На турнеја во Австралија минатава седмица ни пристигнаа мегапопуларните Ѓоко Јовиќ и Енерџи бенд. Енергичниот Ѓоко истакна дека со групата се подготвени, а дознаваме и од менаџерите дека картите за повеќето нивни концерти се веќе распродадени.

developer | 15.03.2018

Прличева награда за 2017 година

Минатиот понеделник, Жири комисијата во состав на Силвана Трајковска (претседател), Мери Петковска и Бојана Ристевска-Јанкуловска ја донесе својата одлука за прогласување на најдобрите дела од традиционалниот награден конкурс за Прличева награда за 2017 година во организација на Македонското литературно друштво „Григор Прличев”.

developer | 15.03.2018

Протест на македонците во Kанбера: За одбрана на името Македонија и идентитетот на нацијата!

Во Австралија и во светот се организираат мирни протести во одбрана на нашите човекови права и за зачувување на македонскиот јазик, идентитет и државност.

developer | 02.03.2018

Исплати додека сте надвор од Австралија

За да ги добиете вашите исплати или картичка за попуст додека сте надвор од Австралија, мора да продолжите да ги исполнувате барањата за стекнување право за секоја исплата или картичка за попуст.

developer | 02.03.2018

Со Мелбурн започна турнејата на Љубојна во Австралија

Македонската група препознатлива како една од најинвентивните регионални состави која ги спојува елементите на поп, соул, денс, џез, рок и ориентална музика, Љубојна, ја започна сво­јата концертна турнеја во Австралија.

developer | 02.03.2018

Царкњас : Заев да биде многу внимателен кога преговара со Ципрас, не треба да прифаќа ништо

Во Прилеп во организација на граѓанската асоцијациија „НЕ-ИМА” – Наоционално – културна и Европска интеграција на Македонскиот народ се одржа семакедонски собир на кој што присуствуваа здруженија на Македонците од балканските држави.

developer | 02.03.2018

Голем собир на Македонците во Канбера и во Сиднеј под мотото „Ние сме Македонија“

Во Австралија и во светот се организираат мирни протести во одбрана на нашите човекови права и за зачувување на македонскиот јазик, идентитет и државност.

developer | 02.03.2018

Мирен протест во Мелбурн под мотото „Ние сме Македонци во одбрана на Македонија“

СООПШТЕНИЕ
Одборот за организирање и одржување на мирните протести ја информира Македонската заедница за следното: