Легендата на македонската фолк-естрада Ефто Пупиноски се подготвува наскоро да замине за Австралија. Тука ќе биде со битолската група “Милениум”.
Директорот на Агенцијата за иселеништво, Никола Шалваринов, ја додели наградата „Стојан Христов” за најдобра книга поезија од поет иселеник од Македонија при Струшките вечери на поезијата.
Нашиот став е непроменет, ние сме против каква било промена на уставното име на Република Македонија, а тоа значи и дека сме против Преспанскиот договор.
Министерот за мултикултурализам, Реј Вилијамс, минатава среда се сретна со лидерите и членовите на македонската заедница од Квинбијан за време на неговата посета.
Во Македонската oпштина при црквата “Св. Пророк Илија” од Квинбијан се славеше три дена големиот верски и национален празник Илинден.
Минатиот петок, 3 август, Литературното друштво „Григор Прличев” од Сиднеј во истоимената библиотека преку поезија посветена на Илинден и Македонија пригодно ја одбележа 115 годинишнината од Илинденското востание и 74 годинишнината од АСНОМ.
Средата, 8-ми август, 2018-то лето Господово, црквата “Света Петка” од Рогдејл беше средиште на благодатна радост и на неизмерно духовно благолепие. Повод за овие собитија беше храмовата слава на оваа бела убавица, која се наоѓа во Рогдејл – срцето на најголемата македонска заедница во Сиднеј.
Пред споменикот на Гоце Делчев, во дворот на катедралната црква “Св Ѓорги и Пресвета Богородица” во Епинг, минатава недела по традиција Македонците се собраа да му оддадат почит на празникот Илинден и за сите што се бореле за слободна Македонија.
Во саботата, на 28 ми јули, свечено беше прославен големиот националнен празник Илинден во салата на истоимениот Спортски центар во Рокдаел, на кој присуствуваа голем број Македонци.
Судот во Викторија одлучува дали да му суди на Македонецот Борче Ристовски за убиство на сопругата Карен, која исчезнала во 2016 година.
Игроорните друштва од Мелбурн минатава саботата го одржаа својот традиционален Илинденски фестивал во Bellagio Reception (поранешниот Golden Star), во Епинг.
Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) ги повикува сите влијателни и богати Македонци да помогнат во ситуацијата околу името.
По второто гласање во Собранието на неуставниот Преспански договор, Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) ја продолжува силната поддршка за ставот на Претседателот Иванов да не го потпишува истиот.
Минатиов четврток во просториите на Македонската опера и балет се одржа свеченост организирана од страна на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија каде е промовиран Прирачникот за иселеници, Сликовницата за изучување на мајчин јазик и Веб-страната, како нови проекти на Агенцијата.
Австралија преку министерката за надворешни работи Џулија Бишоп им честита на премиерите на Македонија и Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас за постигнувањето на договор за решавање на 27-годишниот спор околу името.
Секој итен случај во врска со забите може да биде лекуван во Royal Dental Hospital во Мелбурн, на 720 Swanston Street во Карлтон. Вие може да го скратите времето на чекање ако најнапред телефонирате на 1300 360 054.
Здружението на македонски заедници од Австралија ќе одржи јавна трибина во Сиднеј околу содржината и наметнувањето на ‘Преспанскиот договор’, меѓу владата на Зоран Заев и Грција, потпишан на 17 јуни 2018.
Јубилејот 35 години постоење на Охридското социјално друштво „Св. Наум Охридски” се одбележа со прочуениот бал во “Emerald Reception” во Томастаун.