developer | 25.06.2017

Анета: Ќе им пренесеме парче душа од нашата татковина

Започна турнејата на Анета Наковска и групата “Чардак” со нивната прва турнеја во Австралија и секако очекуваат пред се добар помин и незаборавни забави.

developer | 25.06.2017

Формирана група на тренирани македонски волонтери!

Македонско Австралиската Добротворна Организација од Сиднеј продолжува со своите програмски активности посветени на македонската заедница од Сиднеј.

developer | 25.06.2017

Анастасиеска ја избра Македонија пред Австралија

Сара Анастасиеска пред неколку години играше за јуниорските репрезентации на Австралија (У-17 и У-19), земја со најразвиена женска кошарка на светот по САД, а сега ќе биде дел од македонскиот сениорски национален тим и претставува големо освежување за екипата.

developer | 15.06.2017

Македонските ученици од саботното училиште на Интернационалниот Детски Фестивал

Учениците кои го изучуваат македонскиот јазик во саботното училиште во Кило Даунс зедоа учество на 16-от по ред Интернационален Детски Фестивал кој се одржа во неделата на 21/05/2017 во Melbourne Town Hall во организација на Турската заедница.

developer | 15.06.2017

Промоции и Саем на книгата 2017

Минатава сабота во библиотеката во Мил Парк под мотото: Сакај ја книгата, негувај го јазикот, а во чест на Денот на Македонските просветители Св. Кирил и Методиј, Македонското Литературно Друштво Кочо Рацин го одржа традиционалниот Саем на книгата во чиј склоп се промовираа книгите: Круши Горници од Нове Младеновски, Патник по ѕвезденото македонско небо од Гордана Димовска (промотор Јанко Томов), Виножито во мојата прегратка од Љубица Поповска.

developer | 15.06.2017

Македонците од Австралија смрзнаа во Битола

Нашите Македонци од Австралија се меѓу првите што во поголем број допатуваа во Битола. Но нивните први пет дена ги пречекаа со ладен бран и со многу дожд.

developer | 15.06.2017

Бакрачески се сретна со градоначалникот на Волонгонг

Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески oстварил официјална средба со Гордон Бродбери, градоначалник на Волонгог, кој е во тридневна посета на Охрид.

developer | 08.06.2017

Економски форум за можностите за бизнис во Македониј

Во Македонија има огромен инвестициски потенцијал за австралиските компании, истакнаа учесниците на Економскиот форум во Перт, што се одржа во организација на Македонско-западно австралиската стопанска комора.

developer | 08.06.2017

Интензивирање на севкупните политички и економски односи со Австралија

Во рамките на својата работна посета на федералната австралиска држава Западна Австралија амбасадорот и почесниот конзул на Република Македонија Веле Трпевски и Зоран Ќосески заедно со Драган Богдановски, аташе во македонската амбасада и претстедателот на Македонско-западноавстрслиската стопанска комора Крис Вржовски беа примени од премиерот на Владата на З.А. Марк Макгауан.

developer | 08.06.2017

Повеќе нема за што да се преговара

Изминативе неколку седмици упаничена грчката заедница цвилеше и се жалеше барајќи потврда дека ќе се продолжи со дискриминацијата во именувањето на Република Македонија од страна на Владата на Австралија.

developer | 08.06.2017

Став на ОМД по доделувањето на мандатот на Зоран Заев

Македонскиот претседател, Ѓорѓе Иванов го додели мандатот за формирање на влада на парламентарното мнозинство предводено од лидерот на Социалдемократскиот сојуз на Македонија, г-дин Зоран Заев, откако г-дин Заев, по барање на претседателот Иванов, обезбеди документ во форма на гаранција кој гарантира заштита на уставниот карактер на државата, суверенитетот, територијалниот интегритет, независноста и мултиетничноста.

developer | 08.06.2017

Фазли Луик сними нова песна

Фолк пејачот Фазли Луик кој живее и работи во Мелбурн, сними нова песна која е насловена како „Не можам да си простам”.

developer | 08.06.2017

Божествена литургија во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк

На 17. 05. 2017 година, кога го празнуваме споменот на светата маченичка Пелагија Тарсиска; светиот свештеномаченик Силуан, епископ Гаски; преподобен Никифор, во манастирот „Свети Климент Охридски” во Кинг Лејк, игуменот Гаврил (Галев) служеше Света Златоустова Литургија.

developer | 01.06.2017

Вештини за образование и вработување

Доколку барате работа и треба да го подобрите говорењето на англиски јазик, читањето, пишувањето или да научите основни математички вештини, можеби имате право на користење на Skills for Education and Employment program.

developer | 01.06.2017

Излезе првиот број на епархиското списание „ПРАВОСЛАВИЕ“

Уште една радост за верните чеда на Австралиско – сиднејската епархија при МПЦ-ОА. Излезе од печат првиот број од епархиското списание „ПРАВОСЛАВИЕ”.

developer | 01.06.2017

Заедничка игранка на КУД Бисер и КУД Гоце Делчев во Џилонг

Секогаш е прекрасно чувството кога ќе се посети нашата заедница во Џилонг што оваа година може да се пофали со големиот јубилеј – 40 години од оформувањето на КУД “Бисер”.

developer | 01.06.2017

ВИКТОР БИВЕЛ: На Македонија и требаат Македонци

Виктор Бивел е Македонец роден во Австралија. На далечниот континент ја промовира македонската вистина наспроти грчката пропаганда. Се занивама со издавачка дејност. Досега има издадено 13 книги на англиски со македонски теми…

developer | 24.05.2017

Ќосески се сретна со министерката МакТирнан

Почесниот конзул на Република Македонија во Западна Австралија Зоран Ќосески се сретна со министерот за регионален развој, земјоделство, храна, вработување и трговија Алана МакТирнан при што разговарале за унапредување на трговско-економските односи меѓу Западна Австралија и Македонија.