На 23 мај 2007 година се формира Австралиско македонскиот театар од Сиднеј кој за последните десет години постави на сцена 13 оргинални продукции.
MACEDONIAN COMMUNITY OF W.A. INC. (Est 1942)
Дали сте знаеле дека Австралија е трета по ред во светот по број на меѓународни студенти, иако има популација од само 23 милиони жители?
Минатиов петок во спортскиот центар на Рокдаел Илинден се одржа заедничка игранка на КУД Илинден од Сиднеј и КУД Јане Сандански од Мелбурн.
Иселеници пред околу еден месец го формирале Форумот за демократска Македонија, „како демократско и непартиско тело” кое треба да ги поврзе сите демократски ориентирани иселеници, но и луѓе кои по каква било основа се чувствуваат поврзани со Република Македонија, објаснува Емилија Тодорова од Сиднеј за програмата на македонски јазик на австралиското радио „Си-би-ес”.
Минатата сабота, на 3-ти јуни, во просториите на Гранд Рокси во Брајтон Ле Сандс се одржа донаторска вечер наменета за набавка на медицински апарати за Универзитетската Клиника за Детски Болести во Скопје.
Поранешниот пратеник на ВМРО ДПМНЕ изгласан од Австралија, Васко Наумовски една година ќе добива околу илјада евра плата се додека не најде друго работно место.
Започна турнејата на Анета Наковска и групата “Чардак” со нивната прва турнеја во Австралија и секако очекуваат пред се добар помин и незаборавни забави.
Македонско Австралиската Добротворна Организација од Сиднеј продолжува со своите програмски активности посветени на македонската заедница од Сиднеј.
Сара Анастасиеска пред неколку години играше за јуниорските репрезентации на Австралија (У-17 и У-19), земја со најразвиена женска кошарка на светот по САД, а сега ќе биде дел од македонскиот сениорски национален тим и претставува големо освежување за екипата.
Учениците кои го изучуваат македонскиот јазик во саботното училиште во Кило Даунс зедоа учество на 16-от по ред Интернационален Детски Фестивал кој се одржа во неделата на 21/05/2017 во Melbourne Town Hall во организација на Турската заедница.
Минатава сабота во библиотеката во Мил Парк под мотото: Сакај ја книгата, негувај го јазикот, а во чест на Денот на Македонските просветители Св. Кирил и Методиј, Македонското Литературно Друштво Кочо Рацин го одржа традиционалниот Саем на книгата во чиј склоп се промовираа книгите: Круши Горници од Нове Младеновски, Патник по ѕвезденото македонско небо од Гордана Димовска (промотор Јанко Томов), Виножито во мојата прегратка од Љубица Поповска.
Нашите Македонци од Австралија се меѓу првите што во поголем број допатуваа во Битола. Но нивните први пет дена ги пречекаа со ладен бран и со многу дожд.
Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески oстварил официјална средба со Гордон Бродбери, градоначалник на Волонгог, кој е во тридневна посета на Охрид.
Во Македонија има огромен инвестициски потенцијал за австралиските компании, истакнаа учесниците на Економскиот форум во Перт, што се одржа во организација на Македонско-западно австралиската стопанска комора.
Во рамките на својата работна посета на федералната австралиска држава Западна Австралија амбасадорот и почесниот конзул на Република Македонија Веле Трпевски и Зоран Ќосески заедно со Драган Богдановски, аташе во македонската амбасада и претстедателот на Македонско-западноавстрслиската стопанска комора Крис Вржовски беа примени од премиерот на Владата на З.А. Марк Макгауан.
Изминативе неколку седмици упаничена грчката заедница цвилеше и се жалеше барајќи потврда дека ќе се продолжи со дискриминацијата во именувањето на Република Македонија од страна на Владата на Австралија.
Македонскиот претседател, Ѓорѓе Иванов го додели мандатот за формирање на влада на парламентарното мнозинство предводено од лидерот на Социалдемократскиот сојуз на Македонија, г-дин Зоран Заев, откако г-дин Заев, по барање на претседателот Иванов, обезбеди документ во форма на гаранција кој гарантира заштита на уставниот карактер на државата, суверенитетот, територијалниот интегритет, независноста и мултиетничноста.