Минатиов викенд на популарната плажа во Сент Килда се појавија драматични снимки од приведување на човек по расправија со четворица полицајци. Ова беше директна последица што тој не носеше маска, а беа забележани уште многу други кои исто така не носеа маска.
Фармерите од Квинсленд до Тасманија, очајно се обидуваат да ги привлечат младите Австралијци да берат овошје бидејќи се соочуваат со хроничен недостиг на работници и покрај фактот дека заработувачката може да биде до 3.800 долари неделно.
Министерката за здравство на Викторија, Џени Микакос, е првата жртва на тоа што се дозволи коронавирусот да избега од карантинот.
Во Мелбурн најпосле заврши контроверзниот полициски час, откако пред време се постигнаа целите за контрола на коронавирусот, и се воведува третиот степен на ограничувања.
На годинешното телевизиско шоу “The Bachelor Australia, македонска убавица го освои срцето на ергенот Локи Гилберт. Тој ја бараше љубовта на неговиот живот помеѓу 22 девојки, а на крај ја избра нашата Ирена Србиновска.
Поетскиот фестивал „Струшки вечери на поезијата” се одржа од 28 до 30 август со редуциран број учесници поради пандемијата на ковид-19.
Во августовска летна вечер глетката беше волшебна. На столбовите се вееја читириесетина знамиња од повеќе држави, а разнобојните свитилки се отсликуваа во црнодримските води, по кои со едрилички пловеа младите струшки кајакари, а на тревнатите кејови се собрале сите жители на Струга, од околните предградија и сите вљубеници на поезијата.
За време на коронавирусот, важно е да продолжите да одите редовно на медицинскипрегледи, особено ако имате хронично или постоечко заболување.
Македонската заедница од градот Њукастел во НЈВ овој петок ќе одбележи 50 години од осветувањето на црковната општина “Св. Богородица”.
Ако сте имале контакт лице-во-лице подолго од 15 минути или сте поминале повеќе од два часа во затворен простор со некого кој бил тестиран позитивен на коронавирус додека бил заразен, тогаш вие сте близок контакт.
Миле Гламчевски, резервен капетан на Армијата на Австралија
По 25 години волонтерство за подобрување на менталното здравје во Камбоџа, капетанот на Австралиската армија со македонско потекло Миле Гламчевски, стана витез на Камбоџа.
Коронавирусот (КОВИД-19) е инфекција на органите за дишење што се пренесува од човек на човек преку ситни капки предизвикани од кашлањето или кивањето на инфицирано лице.
Емелија своите македонски корени ги потенцираше во неколку наврати и е позната во Мелбурн по своите торти како “кралица на дезертот”, што ги произведува како Emelia Jackson Cake Designs.
Кога Слободанка Јончевска од Македонија, на 22 години, пристигнала на брегот на Новиот Јужен Велс во Австралија, едвај зборувала англиски. 17 години подоцна, таа ќе стане една од малку познатите пионерки кои ја обликувале историјата на Австралија. Во 1989, се нашла пред највисокиот суд во Австралија, како дел од најголемиот и најдолгиот судски процес на родова дискриминација во историјата на континентов.
Aко живеете во една од овие локации, има само четири причини да излегувате од дома:
Телото на 44 годишната Елејн Пандиловски беше пронајдено во нејзината куќа во северно предградие на Мелбурн, а нејзиниот сопруг Зоран Пандиловски е осомничен за убиството. Таа е пронајдена мртва во нејзиниот дом на Hawkes Drive, во Мил Парк околу 9.30 часот во вторникот од страна на полицијата која била повикана од нејзините роднини.
Како што се движиме кон COVIDSafe живеење, важно е да останете дома ако не се чувствувате добро. Ако имате симптоми на настинка или грип (flu), побарајте медицински совет дали да имате тест за КОВИД-19. Луѓето со благи симптоми исто така може да го рашират вирусот.
Обединетата македонска дијаспора (ОМД), го изрази своето длабоко разочарување од одлука каде што цариградската Света Софија ќе биде претворена во џамија по турската судска наредба дека неверојатното светско архитектонско чудо заштитено од УНЕСКО не требало да биде музеј.