Под мотото „Македонија- Единство- Доблест”, Македонците- патриоти од целиот свет, обединети учествуваа на првата Интернационална ЗУМ Академија на тема „Македонскиот јазик и демократијата”.
Во Сиднеј веќе 44 години опстојува Македонско етничко училиште 11–ти Октомври од Јагуна, а по релаксирање на мерките заради коронавирусот продолжи со часови во школото каде децата и наставниците беа повторно заедно.
Полицијата апелира до јавноста за помош да се пронајде исчезнатата тинејџерка Лидија Георгиевска, од мелбурншкото западно предградие Килор Даунс.
Неодамнешниот скок на бројот на случаи на КОВИД-19 во делови на Мелбурн е разочарувачки, но, ние секогаш очекувавме дека ќе има повеќе случаи. Тоа е важно предупредување за целата земја.
Новата финансиска година пристигна. Тоа е важен настан што доаѓа на половина од годината со воведени бројни големи промени на закони и правилници, казни, даноци и олеснувања. Еве што е важно да се знае од 1 јули 2020 година.
Владите на државите и териториите и службите од невладиниот сектор се одговорни за управување и донесување на оперативни одлуки за нивните училишта. За информации за тоа како училиштата во вашата област реагираат на КОВИД-19, ве молиме најнапред стапете во контакт со вашето училиште и следете ги советите на владата на вашата држава или територија.
Двата дела од документарниот филм „ИСУС ХРИСТОС И МАКЕДОНЦИТЕ”, откако претходно беа неколку пати емитувани на националната ТВ СОНЦЕ во Македонија, веќе се поставени на You Tube на историскиот канал на авторот на филмот (сценарио и режија) Александар Донски.
Темата на Обединетите Нации за Светскиот ден на бегалците 2020 година, „Секоја акција сè брои”, ја зајакнува потребата за сочувство и инклузивност.
Додека ја одбележуваме 76-годишнината од маките и масовните изнесувања од Егејска Македонија (денешна северна Грција) на илјадници македонски деца наречени „Деца бегалци.”
Австралиската влада објави промени на аранжманите за корисниците на привремени визи.
Македонско Австралиската Добротворна Организација од Сиднеј, во рамките на проектите, продолжува со објавување на артикли во нашите ценети и реномирани македонски весници. На овој начин, би сакале, сите членови во македонската заедница кои учествуваат во проектите, како и пошироката македонска заедница, редовно да бидат информирани на разни теми.
Коронавирусот донесе многу предизвици. Тие влијаеја и на нашата финансиска состојба и на нашето ментално здравје и добросостојба. Вие можеби имате проблеми со спиењето, промени на расположението, немање сила или проблеми во вашите врски. Во времиња како што се овие, важно е да се знае каде можете да добиете помош.
Минатава сабота се одржаа големи протестни собири низ Австралија, како подршка за она што се случува во САД и за поголема свест кон Абориџините во Австралија. Полицијата изјави дека „генерално е задоволна” од однесувањето на толпата, за која се проценува дека во Мелбурн броеше 10,000 луѓе а во Сиднеј 15,000.
Македонците од Австралија уште еднаш се замолуваат да ја покажат својата хуманост, солидарност, и љубовта кон Македонија.
Вработените ќе добијат известување од нивниот работодавец дека добиваат исплата JobKeeper. По тоа мнозинството вработени нема да треба да направат ништо.
Австралија ќе се бори против пандемијата на коронавирусот (КОВИД-19) уште најмалку шест месеци. Нè чека долга битка. Мерките што ги применува австралиската Влада го намалија бројот на инфекции и спасуваат животи.
На плацот до црквата “Свети вмч. Ѓорѓи и Пресвета Богородица” во Епинг во вторникот беше осветен темелот на новиот културен центар што го гради Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија.
Во јануари и февруари маркетот беше добар и цените одеа нагоре, но сега се соочуваме со друга реалност поради глобалната пандемија и рестриктивните мерки што
Ниту еден политичар, дипломат, бирократ или новинар со кој сум се сретнал не ми одговорил потврдно на прашањето дали би се откажале од својот идентитет.