Австралиски шампионат – 4. коло, група Б
Екипата на Вестс АПИА (Wests APIA) стигна до тешка, но заслужена победа од 2:1 над Бродмедоу Меџик, во рамките на Австралискиот шампионат. Моментот на одлука се случи во 74. минута, кога Џордан Сегрето со фантастичен погодок од слободен удар ја затресе мрежата и му донесе три бода на својот тим.
Домаќините уште од самиот почеток ја презедоа иницијативата и создадоа неколку сериозни шанси, но голманот на Бродмедоу, Ноа Џејмс, со неколку одлични интервенции долго време го чуваше својот гол.
Сепак, во 28. минута Вестс АПИА успеа да ја искористи офанзивната надмоќ. По ударот на Џек Стјуарт и одбраната на Џејмс, топката неколкупати се одби во шеснаесетникот, а Маркес Волтерс беше најснаодлив и од третата одбиена топка ја смести во мрежата за водство од 1:0.
Вестс продолжи да доминира до крајот на првото полувреме, за што говори и односот на ударите кон голот – 11:3 во корист на домаќините.
Но, по паузата следуваше поинаква слика на теренот. Бродмедоу Меџик заигра поофанзивно и во 53. минута стигна до израмнување. Играчот со број седум, Рајли Смит, ја искористи својата брзина, се ослободи од противничкиот дефанзивец и со прецизен лоб-удар го совлада истрчаниот голман, погодувајќи го спротивниот агол за 1:1.
Во продолжението се играше поизрамнет натпревар, со можности на двете страни, но без посериозни закани кон двата гола.
Кога се чинеше дека натпреварот влегува во неизвесна завршница, во 74. минута на сцена стапи Џордан Сегрето. Фудбалерот на Вестс АПИА презеде одговорност од слободен удар и со прекрасен, прецизно пласиран шут ја испрати топката во горниот агол од голот на Џејмс за водство од 2:1.
Бродмедоу не се предаде и во судиското продолжение се обиде да стигне до ново израмнување. Гостите добија опасна можност од слободен удар, но голманот Оливер Калак интервенираше сигурно и ја зачува предноста на домашниот тим.
Така, Вестс АПИА ги освои трите бода со победа од 2:1, благодарение на подобрата игра во првиот дел и извонредниот потег на Сегрето во второто полувреме.
За Бродмедоу Меџик нема многу време за жалење, во недела, на 15 ноември, на домашен терен ја пречекува екипата на Авондаел (Avondale), а почетокот на натпреварот е закажан за 15:00 часот.
Група Б
| Вестс АПИА | 10 |
| Бродмедоу Маџик | 8 |
| Авондаел | 2 |
| Аделаид Сити | 1 |
18 Nov 2026
16 Nov 2026