Прва лига на НЈВ – 23. коло, Сиднеј Македонија– Дулвич Хил 2:2

Сиднеј Македонија пропушти можност да стигне до цел плен, откако натпреварот против Дулвич Хил заврши без победник  2:2.

Домашниот тим одлично го отвори дуелот и поведе уште во првата минута преку Алекс Урошевски за 1:0. Сепак, гостите брзо се вратија во игра и во 30. минута Маркус Лал израмни на 1:1.

Во финишот на првото полувреме, Џес Поти повторно ја врати предноста на Сиднеј Македонија (2:1), резултат со кој се замина на пауза.

Во второто полувреме следуваше поизрамнета игра, а Дулвич Хил дојде до бод во завршницата. Самуел О’Конор во 80. минута го постави конечниот резултат 2:2.

Екипата на Сиднеј Македонија може да жали за пропуштената шанса, но останува обврската да се консолидира формата во продолжението од сезоната и да се цели кон второто место на табелата што носи промоција.

Следниот натпревар го играат во петок, 10 јули, на гостински терен против Макартур Рамс со почеток во 20:00 часот.

ТАБЕЛА
Блектаун Спартанс 47
Нордерн Тајгерс 42
Сиднеј Македонија 39
Кантербури Бенкстаун 38
Макартур Рамс 38
Хилс Јунајтед 32
Булс Академи 30
Хакоа Сиднеј 29
Ридалмер Лајонс 28
Централ Кост Маринерс 27
Хрствил Загреб 26
Интер Лајонс 24
Дулвич Хил 23
Њукастел Џетс 22
Проспект Јунајтед 18
Вестерн Сити Ранџерс 16

Останати вести