Екипата на Рокдејл Илинден и НВС Спирит ги поделија бодовите, одигрувајќи 1:1 во натпреварот од 22. коло на НПЛ Нов Јужен Велс, одигран на стадионот „Рокдејл Илинден Спортс Центар“.
„Комитите“ поведоа во 22. минута, кога Локлан Констабл прецизно ја затресе мрежата по одличната асистенција на Џејмс Темелковски.
Гостите до израмнување стигнаа во второто полувреме. Сем Армсон се најде сам пред голманот и сигурно реализираше за конечни 1:1.
Во продолжението двете екипи создадоа неколку можности и се обидуваа да стигнат до победничкиот погодок, но мрежите останаа мирни до последниот судиски свиреж.
Во следното, 23. коло, Рокдејл Илинден ќе гостува кај Сиднеј Јунајтед. Натпреварот е закажан за недела, 12 јули, со почеток во 14:30 часот.
ТАБЕЛА
Маркони Сталионс 52
АПИА Леикард 48
Сиднеј Јунајтед 45
Рокдаел Илинден 36
Сатерланд Шаркс 35
Сиднеј 34
Волонгонг Вулвс 32
В.С. Вондерерс 29
НВС Спирит 28
Манли Јунајтед 27
СД Раидерс 26
УНЈВ 25
Сент Џорџ Сити 25
Сент Џорџ Саинтс 19
Блектаун Сити 18
Сиднеј Олимпик 15